Твитот на Трамп дека е имун на Ковид-19 означен со предупредување за ширење на погрешни информации

САД – Твитер стави предупредување на твитот на американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој тврди дека е имун на Ковид-19, со што ги прекршил правилата на компанијата за ширење на потенцијално погрешни и штетни информации поврзани со новиот коронавирус.

Трамп во твитот напиша дека има„целоснаи комплетна потврда од лекарот од Белата куќа од вчера“, што значи дека е имун на Ковид-19 односно дека не може да се зарази и болеста да ја пренесе на други.

Твитер го означи твитот на Трамп со предупредување за проверка наинформацијата, со што се оградува од одговорност за напишаното.