Излезе видео кое покажува што им прави полицијата на затворените демонстранти во Белорусија

Во денот на нови големи протести во Белорусија и употребата на водени топови и шок бомби од страна на полицијата, која со сите сили се обидуваше да ги растера илјадниците демонстранти, се појави видео од затворот каде се притворени противниците на режимот на претседателот Александар Лукашенко. Затворениците мора да поминуваат низ шпалир полицсјци опремени со пендерци со кои се тепаат сите што поминуваат и потоа мора да клечат на земја.