Рекорден број новозаболени во Русија од почетокот на епидемијата

Русија денеска пријави 13.634 нови случаи на заразени со корона вирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Во Москва има 4.501 новозаразен, а во Санкт Петерсбург 528, пренесе Тасс.

Од почетокот на епидемијата во Русија регистрирани се речиси 1.300.000 случаи со инфекции.

Во претходните 24 часа од корона вирус починаа 149 лица, со што бројот на умрени се искачи на 22.597.

Од корона вирус во моментот се лекуваат повеќе од 255.000 луѓе.