СЗО: Стратегијата за имунитет на стадо не е етична, никогаш во историјата не е применета


Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус денеска предупреди дека е против замислата дека „имунитетот на стадо“ може да биде реална стратегија за сопирање на пандемијата од корона вирус, отфрлајќи фи сличните предлози како „едноставно неетични“.

Гебрејесус вели дека работниците во здравствените служби обично сакаат да постигнат имунитет на стадо по пат на вакцинација. Тој укажа дека, за да се дојде до имунитет на стадо од многу заразни болести како сипаници, неопходно е да се вакцинира 95 отсто од населението.

Според негови зборови, имунитет на стадо се постигнува со заштита на луѓето од вирусот, а не со излагање.

Наведе дека никогаш во историјата на јавното здравство имунитетот на стадо не е употребен како стратегија за одговор на епидемија.

Гебрејесус напомена дека многу малку се знае за имунитетот на Ковид-19 за да се знае дали воопшти може да се очеку имунитет на стадо.

„Да му овозможиме на вирус кој не го разбираме во потполност слободно да се движи едноставно е неетично“, додаде Гебрејесус.