Експерти: Губењето антитела на короната не е нужно лоша вест


Англија – Појасниот увид во фактот дека нивото на антитела може брзо да исчезне кај луѓето кои имале коронавирус, не мора да биде лоша вест за имунитетот, изјавија денеска британски експерти додавајќи дека „тоа не значи автоматски дека заштитата со вакцина ќе биде слаба или краткотрајна“. Експерти за имунологија и вируси предупредуваат дека не треба многу […]

Макрон ќе распореди војска во близина на црквите и училиштата


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ќе распореди војска во близина на црквите и училиштата со цел да ги заштити клучните локации во Франција. По денешниот напад во црквата Нотр Дам во Ница, во кој беа убиени три лица, и обраќајќи се од местото на трагедијата, тој рече дека Франција е нападната преку нејзините вредности, преку чувството на […]

Полицијата во последен момент спречи нов напад во Франција, трет денеска


  Француската полиција денеска уапси маж вооружен со нож кај црква во Сартровил, а се верува дека имал намера да изврши терористички напад. Според француските медиуми, мажот е уапсен околу 13 часот, а изгледа дека сакал да изврши сличен напад како оној што порано денеска се случи во Ница, кога исламист со нож уби најмалку […]

Меркел се огласи на Твитер по нападот во Ница: Германија е со Франција


Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека Германија застанала на страната на Франција по бруталниот напад со нож во кој загинаа три лица во близина на црква во Ница. „Длабоко сум потресена од бруталното убиство во црква во Ница. Моите мисли се со семејствата на убиените и повредените. Германија застана на страната на Франција во овие […]

Ереван пријави нови напади од страна на Азербејџан во Нагорно-Карабах


Ерменските власти денеска соопштија дека азербејџанските безбедносни сили извршија воздушен напад врз градот Мартакерт, северно Нагорно-Карабах. Претходно, Владата на Ерменије соопшти дела биле гранатирани градовите Степанакерт, Шуши и Мартакерт со ракетниот систем Смерч. Во текот на изминатата ноќ, азербејџанските сили извршиле пет напади врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт. Во меѓувреме, ерменското Министерство за одбрана […]

Австрија со рекордни 4.453 заразени, починаа 29 пациенти


Денеска во Австрија беше поставен нов рекорден број на нови случаи на корона вирус, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 4.453 нови инфекции. Исто така забележан е најголем број смртни случаи на дневно ниво – починале 29 лица, така што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.056. Од почетокот на епидемијата во Австрија, 94.904 […]

Саудиска Арабија: чувар на францускиот конзулат во Џеда ранет со нож


Саудиец е уапсен откако со нож го прободел чуварот на францускиот конзулат во Џеда, град во западна Саудиска Арабија, соопштија официјални саудиски медиуми и француската амбасада во таа земја, јави дописникот на МИА. „Напаѓачот беше уапсен од саудиските сили на редот веднаш по нападот. Чуварот е пренесен во болница и неговиот живот не е во […]

Тајван 200 дена без локална трансмисија на КОВИД-19, властите благодарни што граѓаните постојано носат маска


Во Тајван не се пријавени домашни случаи на пренесување на коронавирусот веќе 200 дена, а владата укажува на постојан успех на островот во одржувањето на вирусот под контрола, дури и кога расте бројот на пациенти во другите делови на светот. Тајванскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ) последен пат информираше за домашен случај на инфекција […]

Tри лица загинаа, а неколку се повредени при напад со нож во Ница


Вооружен маж со нож, уби три лица и повреди неколку други лица во црквата Нотр-Дам во Ница, пред да биде уапсен, јави дописникот на МИА. Веќе нема сомневање дека станува збор за терористички напад, бидејќи истрагата веднаш му беше доверена на антитерористичкото обвинителство од Париз. Нападот со нож се случил денеска во девет часот наутро […]

„Гилеад сајнс“ веќе заработи 900 милиони долари од „ремдесивир“


Антивирусниот лек „ремдесивир“, кој го примаат пациенти хоспитализирани поради КОВИД-19, веќе му донесе на производителот „Гилеад сајнс“ („Gilead Science“) заработка од речиси 900 милиони долари во третиот квартал. Благодарение на продажбата на производот, развиен за третман на хеморагична треска ебола, но без успех, групацијата ги зголемии кварталните приходи за 17 отсто на 6,58 милијарди долари. […]

Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела


Остатоците од 59 тела беа откриени во тајно ископани јами во државата Гуанахуато во централен Мексико, кој бележи голема стапка на убиства поради војната на наркобандите. Најмалку 10 тела се женски, а повеќето припаѓале на многу млади луѓе, дури и на тинејџери, изјави Карла Квинтана, директорка на Националната истражна комисија на Мексико. Властите ги алармираа […]

Едно од ретките места во светот без корона, ги забележа првите два случаи


  Маршалските острови, едно од последните места на светот недопрено од короната, ги забележаа првите два позитивни случаи на корона вирус, пишува Би-би-си. Владата на овој пацифички архипелаг објави дека двајца работници од САД се позивитни на корона вирус откако се вратиле од Хаваите во вторникот. Двојката допатувала со воен авион и од моментот на […]

Германија се подготвува да го заузда Ковид-19 пред Божик


Германската канцеларка Ангела Меркел побара нови драстични ограничувања, вклучително и затворање на секторите за одмор, спорт и храна и пијалоци, во разговорите за кризата со германските регионални лидери заради спречување на зголемен број заразени со коронавирус и спас на Божиќните празници. Предложените ограничувања, кои ќе стапат во сила од 4 ноември до крајот на месецот, […]

Ако Европејците би избирале претседател на САД, за Трамп би гласале само 17 проценти


Германија – Ако на престојните претседателски избори во САД одлучуваат граѓаните на Европска Унија, актуелниот претседател Доналд Трамп би добил само 17 отсто од гласовите, се наведува во истражувањето на германската Фондација Бертлесман. Само 17 проценти од испитаницитре одговорија дека би гласале за Трамп, а 45 отсто за кандидатот на демократите, Џо Бајден, покажуваатрезултатите од истражувањето […]

Полициски час во Филаделфија поради насилство на протестите


Властите во Филаделфија од синоќа воведоа полициски час, со цел да се спречат кражбите и насилството за време на протестите, кои избија откако полицијата уби еден Афроамериканец. Како што е соопштено од кабинетот на градоначалникот на Филаделфија, полицискиот час стапи во сила вчера во 21 часот и трае до денеска наутро во шест часот. Во […]

Млади кинески милијардери заработиле 223 милијарди долари оваа година


Кина – Млади кинески милијардери оваа година стекнаа рекордно заедничко богатство од над 223 милијарди долари, во време кога целиот свет се бори со најлошата економска криза во последните неколку децении, покажуваат најновите податоци на листата на кинеските богаташи „Харун Рич Лист“. Во 2020 година Кина има 60 милијардери помлади од 40 години. Оваа година е […]

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени


Ирска денеска регистрира најмал број на новозаразени со коронавирусот во речиси три недели, откако земјата воведе едни од најстрогите епидемиолошки мерки. Ирска денеска регистрира 675 нови случаи на Ковид-19, што е најмал број од 9 октомври досега. Во исто време, седумдневниот просек падна од 1.176 пред седум дена на 866. Владата на премиерот Мајкл Мартин […]

Дојче веле: Германија оди во едномесечен карантин


Потребно е да реагираме веднаш, изјави германската канцеларка Ангела Меркел додавајќи дека клучот за надминување на актуелната „многу сериозна“ ситуација со епидемијата на Ковид-19 е во намалување на контактите со ограничување на штетата врз економијата. Почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства. Рестораните, баровите, театрите, […]

Макрон објави: Франција од петок оди во карантин


Во обраќањето до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон пред малку објави дека Франција од петок воведува заклучување на земјата поради брзиот раст на новите инфекции од Ковид-19. Макрон рече дека земјата треба да ја заштити својата економија, но стратегијата за имунитет на стадо ќе доведе до 400.000 смртни случаи во Франција. „Здравствениот систем нема да […]

Во Велика Британија 24.701 новозаразени, 310 починати


Според најновите владини податоци, Велика Британија регистрира 24.701 нов случај на корона вирус и 310 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчерашниот ден кога имаше 22.885, додека бројот на смртни случаи е помал во споредба со вчерашните 367. Од почетокот на пандемијата во Британија се регистрирани 942.275 случаи на […]