Бил Гејтс очекува вакцината против коронавирус да биде достапна за што повеќе луѓе во светот

Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, очекува вакцината против коронавирус да биде подостапна за што повеќе луѓе во светот.

Според него, ефикасноста на вакцините утврдена со тестирање е навестување дека тоа може да биде случај и со другите вакцини што се развиваат.

Затоа, тој процени дека ќе биде полесно да се произведуваат и дистрибуираат вакцини низ целиот свет, а тоа првенствено се однесува на земјите во развој.

– Со оглед на добрата вест од „Фајзер“и „Модерна“, мислам дека е веројатно дека вакцините на „АстраЗенека“,„Новавакс“и „Џонсон и Џонсон“ ќе покажат добра ефикасност, рече Гејтс на онлајн самитот, организиран од Њујорк тајмс.

Научниците имаат слични очекувања како Гејтс, пренесува „Бизнис Инсајдер“.

Изјавата на Гејтс дојде откако Модерна објави во понеделникот дека нивната вакцина е поефикасна од онаа што ја развија „Фајзер“ и „БиоНТех“. Само седум дена порано, Фајзер и БиоНтех изјавија дека нивната вакцина е ефикасна 90 проценти.