Во Европа намалување на бројот на новозаразени, првпат по три месеци


Првпат по три месеци, бројот на заболени од коронавирус започна да опаѓа, бидејќи има за 10 проценти помалку заразени од минатата недела, кога беа регистрирани 1,84 милиони новозаразени.

По воведените рестриктивни мерки во многу европски земји, бројот на пациенти почна да опаѓа, а Европа, која во вторникот ја надмина бројката од 15 милиони заразени, имаше 46 проценти од активните случаи на Ковид-19 во светот, објави Дејли меил.

Според Светската здравствена организација, бројот на починати продолжи да расте на Стариот континент, со повеќе од 29.000 смртни случаи, што е за 18 отсто повеќе во однос на една недела порано.

Заклучно со крајот на минатата недела, за седум дена починаа 60.000 луѓе во светот.