Данската влада се тресе по отстрелот на визоните


Данскиот министер за храна и земјоделство Могенс Јенсен денеска изјави дека ќе поднесе оставка поради недоверба од колегите пратеници по незаконската наредба за отстрел на визони на фармите.

– Денеска го информирав премиерот дека сакам да се повлечам од Владата. Сфаќам дека ја немам потребната поддршка меѓу парламентарните партии, напиша Јенсен на својот профил на Твитер.

Потегот на министерот за храна и земјоделство се случи во време кога данската Влада се соочува со најголемата криза за време на пандемијата откако нелегално нареди отстрел на сите визони на почетокот на овој месец за да се спречи ширењето на коронавирусот, вклучувајќи го и новиот, мутиран вид.