Над 63 милиони случаи на Ковид-19 во светот од почеток на пандемијата


Во светот од почетокот на пандемијата на коронавирусот се потврдени 63.073.287 случаи на зараза. Од последици на Ковид-19 починале 1.465.186 лица, а оздравеле 43.546.388 пациенти. Моментно во светот има активни 18.061.713 случаи на заболени. Најголем број регистрирани случаи на коронавирус имаат САД (13.750.404), Индија (9.432.075), Бразил (6.314.740), Русија (2.269.316) и Франција (2.218.483).

Бајден избра прес-тим целосно составен од жени


Новоизбраниот претседател Џо Бајден ќе има целосно женски тим за комуникации во неговата Бела куќа, предводен од директорката за комуникации во кампањата Кејт Бедингфилд. Бедингфилд ќе служи како директор за комуникации во Белата куќа на Бајден. Џен Псаки, долгогодишна портпаролка на демократите, ќе биде неговиот секретар за печатот. Бајден, исто така, планира да ја именува […]

Заврши пребројувањето во Висконсин – потврдена победата на Бајден


Висконсин во неделата го заврши пребројувањето на резултатите од претседателските избори, потврдувајќи ја победата на демократот Џо Бајден над претседателот Доналд Трамп во клучната држава на бојното поле. Трамп вети дека ќе го оспори исходот на суд дури и пред да заврши пребројувањето. Округот Дејн беше вториот и последен округ што го заврши пребројувањето, известувајќи […]

(Видео) Илјадници евакуирани по ерупцијата на вулкан во Индонезија


  Во индонезиската област Источен Мал Сунди, дојде до ерупција на вулканот Левотолок, а поради последиците од ерупцијата, илјадници луше мораа да ги напуштат своите домови. https://youtu.be/xjdYH8HR9rw Според медиумите во Индонезија, по експлозијата, вулканот исфрлил големи количини прашина и чад до 17 километри кон небото, што директно ја загрози безбедноста на населението кое живее во […]

И Врховниот суд на Пенсилванија ја одби тужбата на Трамп


Највисокиот суд во Пенсилванија во саботата вечерта ја отфрли наредбата на понискиот суд со која се спречува државата да потврди десетици оспорувања од изборите на 3 ноември во последната тужба поднесена од републиканците, кои се обидуваат да ја спречат победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во важната држава на бојното поле. Државниот врховен суд со […]

На улиците на Мадрид протестираа 4.000 здравствени работници


Во Мадрид денеска протестираа лекарите и медицинските сестри заради, како што наведоа,  намалувањето на медицинските услуги и затоа што властите ги оставија сами да се борат против корона вирусот. Околу 4.000 медицински работници излегоа на улиците на шпанскиот главен град, што е најтешко погоден од пандемијата, извикувајќи „помалку знамиња, повеќе медицински сестри“. Лусија Тиелвез (65), […]

Трамп: Ќе биде тешко да се дојде до Врховниот суд и да се докаже измамата


Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека за него можеби ќе биде тешко да ги изнесе обвинувањата пред Врховниот суд за изборна измама за време на претседателските избори на 3 ноември. Тој изрази сомнеж во својата правна стратегија, а се помали се и надежите дека ќе може да да направи пресврт во изборниот резултат, јавија […]

Иран: На убијците на научникот Фехризад ќе им одговориме промислено и одлучно


Иран ќе даде „промислен и одлучен одговор“ за убиството на неговиот најдобар нуклеарен научник, Мохсен Фехризад, изјави Камал Харази, советник на врховниот ирански верски лидер, Али Хамнеи. -Без сомнение, Иран ќе одговори на криминалците кои му го одзедоа животот на Мохсен Фахризад, изјави Харази, кој е и шеф на стратешкиот совет во Министерството за надворешни […]

Унгарски функционер го спореди Сорос со Хитлер


  БУДИМПЕШТА – Унгарски министерски комесар се најде под удар на критики за написот во кој се споредува американско-унгарскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, строг критичар на унгарската влада, со Адолф Хитлер и нацистите. „Европа е гасна комора на Џорџ Сорос“, напиша Силард Деметер, министерски комесар и раководител на литературниот музеј „Петефи“ во Будимпешта, во […]

Најмалку десет рудари заробени во поплавен рудник во централна Кина


 Повеќе од десет лица се заробени во поплавен рудник за јаглен во провинцијата Хунан, во централниот дел на Кина, соопштија денеска локалните власти. Кинеската агенција Ксинхуа јави дека е поплавен рудник за јаглен во градот Лиџијанг. Раководството на рудникот наведува дека е во тек спасувачка операција.

Во Италија подобро, но не и добро со Ковид-19


Сите бројки кои ја покажуваат епидемиолошката состојба во Италија се во опаѓање, но властите сепак предупредуваат дека не смеат да се намалат превентивните мерки. Според зборовите на претседателот на Високиот институт за здравство Силвио Брусаферо, состојбата со корона вирусот е на половина, јави АНСА. „Тоа значи дека сопрено е експоненцијалното ширење на вирусот, но тој […]

Џихадистите егзекутирале 43 земјоделци во Нигерија


Најмалку 43 земјоделци вчера се убиени во нападот на џихадистите од Боко харам во североисточна Нигерија. – Пронајдовме 43 безживотни тела и шест лица тешко повредени, соопшти нигериската полиција. Осум земјоделци се водат како исчезнати и се претпоставува дека се киднаприрани од припадниците на џихадистичката група. Нападот се случил во оризово поле на 10 километри […]

Протести пред резиденцијата на Нетанјаху


Околу илјада луѓе синоќа протестираа пред резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху барајќи негова оставка. Протести со барање за оставка на Нетанјаху бидејќи му се суди за корупција и поради неговото справување со кризата настаната поради пандемијата со Ковид-19, изминатите шест месеци се организираат еднаш неделно. По рестикциите што двапати беа во сила во Израел, […]

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз


Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди „неприфатливото насилство врз полицијата“. Истовремено претставник на синдикатот на полицијата објави снимка на која се гледа како млади лица облечени […]

Именуван првиот Афроамериканец за кардинал на Римокатоличката црква


 Папата Франциск денеска во Ватикан именува 13 црковни високодостојници на Римокатоличката црква, еден од нив е Вилтон Грегори, надбискуп на епархијата на Вашингтон, округ Колумбија, јави Ен-би-си њуз. Тој е првиот Афроамериканец во историјата на САД именуван на една од највисоките црковни служби во Католичката црква. Бискупот Грегори (72) е роден во Чикаго, каде го […]

Најмалку три лица загинаа во поплави на Сардинија


Најмалку три лица починаа во поплавите во Сардинија предизвикани од силниот дожд, јавија италијанските медиуми. Две лица се водат како исчезнати во градот Бити во провинцијата Нуоро.   Според весникот „Ла Република“, жртвите се постара двојка и еден локален земјоделец кој бил заробен во камион.Овој регион беше погоден од силен ветер и силен дожд во […]

Во Париз судири помеѓу демонстрантите и полицијата


Неколку десетици илјади демонстранти маршираа меѓу плоштадот на Република и плоштадот на Бастилја денеска во Париз, изразувајќи незадоволство поради текстот на законот за „општа безбедност“ и неговата главна одредба, со што ќе се ограничи можноста за снимање на силите на редот. Протестите исто така се и против полициското насилство и расизмот, јави дописникот на МИА. […]

Австралија зафатена од топлотен бран, измерени 46 степени


Поголемиот дел од Австралија е погоден од топлотен бран со температури од над 40 степении Целзиусови. Во Порт Аугуст и Кубер Педи, во јужниот дел на Австралија вчера се измерени 46 степени, а и денеска се бележат високи температури. Во Аделејд Хилс прогласен е екстремен ризик од шумски пожари. Во вчерашниот пожар северно од Аделејд […]

Џонсон именуваше министер за распределба на вакцината против Ковид-19


Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го именуваше Надхим Захави за министер одговорен за распределба на ваквината против новиот коронавирус. Захави е секретар за бизнис, а со новата функција ќе го известува британскиот министер за здравство Мет Хенкок и првенствено ќе биде фокусиран на распределбата на вакцината, а ќе задржи и некои одговорности во Министерството за […]

Бајден доби уште гласови по пребројувањето во Висконсин, а него го плати Трамп


Кампањата на Трамп плати дури 3 милиони долари за пребројувањето и доби загуба во гласови   Пребројувањето на гласовите во најголемиот округ во Висконсин, побарано од изборната кампања на претседателот Доналд Трамп, заврши во петокот со тоа што избраниот претседател Џо Бајден доби уште гласови на контото. По пребројувањето на гласовите во округот Милвоки, Бајден […]