Британскиот министер за здравство: Новиот корона вирус е надвор од контрола

 

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска рече дека новиот сој корона вирс е „надвор од котрола“ правдајќи го затворањето на Лондон и дел од Англија кое би можело да потрае додека не се вакцинира населението.

„За жал, новиот вид е надвор од контрола. Мора повторно да воспоставиме контрола, а тоа е можно само со ограничување на социјалните контакти“, рече Хенкок за Скај њус.

„Ќе биде тешко да се држи под контрола додека не се вакцинира населението“, додаде тој.

Конзерватнивната влада на Борис Џонсон вчера прогласи карантин за Лондон и за југоистокот и дел од истокот на Англија, со што 16 милиони жители мора да останат дома и да се откажат од дружењата за Божик.

Затворени се и тродавниците кои не продаваат храна и осносвни портебни намирници и забрането е патување надвор од тие зони за кои е прогласен највисок степен на тревога, било во други делови од Обединетото Кралство, било во странство. Баровите, рестораните и музеите се затворени до среда.

„Ова е голем предизвик се додека не се вакцинира населението. Со тоа ќе се бориме следните месеци„, предупреди Хенкок.

Велика Британија ја извести СЗО дека новиот сој на вирусот се шири побрзо и до 70 отсто, рече премиерот Џонсон.

Во светот се откриени и пријавени претходни мутации на висурот САРС Ков-2.

Владиниот научен советник Патрил Воланс вчера рече дека новиот сој покрај тоа што побрзо се шири е и подоминантен , а во декември доведе до нагло растење на хоспитализациите.

Се појави во средината на септември во Лондон и Кент, додаде тој.