САД: Шест сериозни алергиски реакции на 250.000 вакцинирани

 

Американските здравствени власти соопштија дека меѓу повеќе од 250.000 вакцинирани против корона вирус имало шест сериозни случаи на алергиска реакција.

Центарот за контрола и превеницја од болести наведе дека повеќе од 272.000 луѓе се вакцинирани со вакцината на „Фајзер“.

Во петокот вечерта се пријавени шест случаи на силни алергиски реакции, вклучително и кај лица со историја на реакција на вакцина.

Здравствените стручњаци продолжуваат да ги следат сличните ефекти.

Според нивните зборови сите случаи на алергиска реакција се појавиле во препорачаното време за опсервација и итно се третирани.

Помалку сериозни пропратни ефекти се ретки. Меѓу првите 215.000 луѓе кои се вакцинирани во САД, помалку од 1,5 отсто имале проблеми поради кои им била потреба медицинска нега или не биле способни да ги извршуваат секојдневните активности.

Многу вакцини може да предизвикаат привремени нелагодности, како што се болка во раката, или симптоми слични на грип.

Вакцините против Ковид-19 имаат тенденција да предизвикаат повеќе такви симптоми отколку вакцината против грип, а некои болници одолговлекуваат со вакцинирањето на вработените за да ги избегнат проблемите со недостаток на персонал.