Помпео вели Русија, Трамп тврди – Кина може стои зад хакерскиот напад


ВАШИНГТОН – Контрадикторно на неговиот државен секретар и други високи функционери, претседателот Доналд Трамп во саботата без докази сугерираше дека Кина – а не Русија – може да стои зад сајбер нападот против САД и се обиде да го минимизира неговото влијание.

Во своите први коментари Трамп се потсмеваше на фокусот врз Кремљ и ги минимизираше упадите, за кои агенцијата за интернет-безбедност предупредува дека претставува „сериозен“ ризик за владините и приватните мрежи.

„Сајбер нападот е далеку поголем во лажните вести отколку во реалноста. Целосно сум брифиран и сè е добро под контрола“, порача Трамп на Твитер. Тој исто така тврди дека медиумите се „скаменети“ од „дискутирање за можноста дека може да биде Кина (може!)“.

Нема докази што сугерираат дека е така. Државниот секретар Мајк Помпео доцна во петокот рече дека Русија стои „прилично јасно“ зад кибер нападот против Соединетите Држави.

„Ова беше многу значаен напор и мислам дека сега можеме да кажеме прилично јасно дека Русите се занимаваа со оваа активност“, рече Помпео во интервјуто за водителот на радио ток-шоу Марк Левин.

Официјалните лица во Белата куќа беа подготвени да дадат изјава во петокот попладне, во која се обвинува Русија дека е „главниот актер“ во хакерскиот напад, но во последен момент им било речено да запрат, според еден американски официјален претставник запознат со разговорите кој зборуваше под услов на анонимност.

Не е јасно дали Помпео ја добил таа порака пред неговото интервју, но официјалните лица сега се борат за да откријат како да ги аранжираат различните наводи. Белата куќа не одговори веднаш на прашањата во врска со изјавата или основата на тврдењата на Трамп. Стејт департментот исто така не одговори на прашањата во врска со забелешките на Помпео.

За време на целото претседателствување, Трамп одбиваше да ја обвинува Русија за добро документирани непријателства, вклучително и за мешање во изборите во 2016 година, за да му помогне да биде избран. Тој го обвини неговиот претходник, Барак Обама, за руската анексија на Крим и го поддржа враќањето на Русија во групата на нации Г-7.

Иако Помпео беше првиот службеник во администрацијата на Трамп кој јавно ја обвини Русија за нападите, експертите за сајбер безбедност и другите американски официјални лица беа јасни во текот на изминатата недела дека се чини дека операцијата е дело на Русија. Нема веродостојни сугестии дека која било друга земја – вклучително и Кина – е одговорна.

Демократите во Конгресот кои добија класифицирани брифинзи, исто така, јавно потврдија дека зад тоа стои Русија, која во 2014 година го хакираше Стејт департментот и се мешаше на претседателските избори во 2016 година преку хакирање.

Додека Трамп го минимизираше влијанието на упадите, Агенцијата за безбедност на интернет и инфраструктура соопшти дека тоа ги компромитирало федералните агенции, како и „критичната инфраструктура“. Министерствот за вантрешни работи ја дефинира таквата инфраструктура како „витален“ имот за САД или нејзината економија, широка категорија што може да вклучува електрани и финансиски институции.

Еден американски официјален претставник, говорејќи во четвртокот под услов да остане анонимен, го опиша нападот како тежок и крајно штетен.

„Изгледа дека ова е најлошиот хакерски случај во историјата на Америка“, рече официјалното лице. „Влегоа во сè“. (АП)