Германија воведе рестрикции за летовите од Велика Британија и Јужна Африка


Германија планира да воведе ограничувања за летовите од Велика Британија и Јужна Африка, откако двете земји информираа дека идентификувале нов вид на корона вирус, изјави претставник на германската владата во Берлин.

Британските медиуми наведуваат дека германската Влада работи на дефинирањето на нови правила за патување, како и дека е во контакт со своите партнери во ЕУ.