Азар: Сè уште не сум „галактико“, морам да покажам дека можам


Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар изјави дека му треба подобрување ако сака да биде „галактико“ по неговиот бавен старт на сезоната во која се уште нема забележано гол или асистенција. Белгискиот крилен напаѓач му се придружи на „кралскиот клуб“ од Челзи летово за 88 милиони фунти по нивната разочарувачка кампања 2018-19. Азар многумина го […]

Сари: Задачата да ја освоиме ЛШ не треба да претставува товар за нас


Триумфот на Лигата на шампионите продолжува да му се „лизнува“ на Јувентус, а сега задачата да го донесе трофејот во Торино ја има Маурисио Сари. Италијанскиот шампион стартуваше во својата група со 2-2 против Атлетико Мадрид, а утре вечер го пречекува Баер Леверкузен. – Лигата на шампионите е врвот. Сепак, ние мора да играме со […]

Гвардиола: Нема да извршам самоубиство


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одби да оди во крајности, додека разговараше за сценарио, при кое не успева да ја освои титулата во Лигата на шампионите за време на својот престој кај „небесно-сините“ Гвардиола ја започна својата четврта година во клубот во Манчестер, а во тој период освои две последователни титули во Премиер лигата. […]

Мурињо: Не планирам да работам во Италија, имам чуство дека мојата иднина не е тука


Поранешниот тренер на Интер, Жозе Мурињо изјави дека нема да се врати на работа со италијански клуб. Интер е мојот дом, а Масимо Морати останува мој претседател и мој пријател. Тој е како член на моето семејството. Не сум работел седум до осум месеци. Ајде да видиме што ќе се случи следно, но не мислам […]

Милевски го објави списокот за квалификациските мечеви со Црна Гора и Казахстан


Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски го објави списокот со репрезентативци за натпреварите со Црна Гора (10. октомври) и Казахстан (15. октомври) од квалификациите за Европското првенство 2021. година. Македонската фудбалска репрезентација до 21 година успешно ги започна квалификациите за ЕП со убедливата победа на домашен терен против Фарски Острови со 7:1 […]

(Видео) Мешаната штафета на САД со нов светски рекорд


На атлетскиот Мундијал во Доха, мешаната штафета на САД во трката 4х400 метри постави нов светски рекорд со време 3:09:34 минути. Трката ја одбележа и полскиот национален тим кој се реши во последната измена да остави жена во конкуренција на мажите од другите репрезентации. Полската атлетичарка не успеа да ја задржи предноста од колегата кој […]

Малдини побара да му се даде време на Џампаоло


Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини изјави дека клубот има доверба во тренерот Марко Џампаоло. – Уште еднаш ќе повторам дека тренерот беше наш заеднички избор и ние секогаш ќе го браниме. Само дајте му време. Знаеме дека имаме млад тим и со какви проблеми се соочивме. Мислевме дека ќе започнеме подобро. Во овој момент, […]

Србија ја совлада Словенија и се искачи на европскиот одбојкарски трон


Србија ја победи Словенија со 3:1 (по сетови 19:25, 25:16, 25:18, 25:20) во финалето на Европското првенство во одбојка. Со овој успех, нашите северни соседи го повторија подвигот на нивните женски колешки, кои истотака се актуелни владетели на Стариот континент. Атанасијевиќ, Ковачевиќ и Петриќ беа одбојкарите со најмногу поени, но Србите кои дојдоа до трето […]

Вардар со победа се врати од Украина и останува максимален во Лигата на шампионите


Ракометарите на Вардар славеа против украински Мотор Запорожје на гостински терен со 31:30 и дојдоа до третата победа во исто толку настапи сезонава во Лигата на шампионите. Вардар потешко од очекувањата дојде до победата против украинскиот тим, но не дозволи да доживее нов пораз од Мотор, откако претходно Вардарци загубија од Украинците во СЕХА лигата. […]

Шкупи ја тресна Шкендија, Вардар се одвои на врвот


Вардар се одвои на врвот од фудбалската табела по осмото коло од домашниот шампионат. Скопските „црвено-црни“ се најголемиот добитник по оваа рунда откако на Градски беа подобри од Академија Пандев, а тетовска Шкендија загуби на гостувањето во Чаир со што заостанува зад лидерот цели девет поени. Најтрофејниот македонски тим стигна и до шестата последователна победа. […]

Семејството и Исус: Модриќ ги бакна нивните слики, па влезе во игра


Лука Модриќ се врати на зелениот терен. Го немаше од третото коло на шпанското првенство откако се повреди во септемврискиот репрезентативен циклус. Иако Реал без него запиша три победи, во градското дерби против Атлетико Мадрид се виде колку најдобриот светски фудбалер за минатата година му недостига на тимот. И колку „кралскиот клуб“ изгледа поинаку со […]

Еурофарм испушти победа и во Шпанија: Трет минимален пораз во ЛШ


Еурофарм Работник го доживеа и третиот пораз во третиот натпревар од Лигата на шампионите. Македонскиот вицешампион го имаше шпанскиот вицепрвак Бидасоа во раце, но на крајот ја испушти победата (26-25). Битолчани водеа со 14-11 на полувреме во Шпанија, во вториот дел имаа и 16-12, но тогаш почна пресвртот што доведе до егал од 20-20. Психолошкиот […]

Вознемирувачки фотографии: Ејупи по тепачката во Копривница


Фудбалскиот клуб Славен Белупо објави фотографии од нашиот Музафер Ејупи по тепачката во средата во центарот на Копривница. На нив се гледаат повредите што ги здоби поранешниот македонски репрезентативец. Од полицијата потврдија дека Ејупи бил нападнат, а не оти бил напаѓач. Инцидентот се случи кога фудбалерот во друштво на свој близок се скарал со 53-годишен […]

Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед


Францускиот интернационалец Пол Погба, не е среќен во Манчестер јунајтед, и сака да си замине од клубот во јануарскиот преоден рок, тврдат новинари од весникот „Сан“. Погба нема намера да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, а обврзан е со клубот до летото 2021 година. На еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата која стана светски […]

ФФМ ќе набави дополнителна медицинска опрема за репрезентацијата


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, донесе неколку одлуки околу носење на пропозиции за натпреварување во неколку лиги и Купот, а реши и да набави медицинска опрема за потребите на националниот тим. Донесени се пропозиции за натпреварување за сезоната 2019/2020 во првата и втората футсал лига, за Купот во футсал, како и за Купот […]

Ел Хаџи Диуф: Ливерпул и оваа сезона нема да ја освои Премиерлигата


 Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Сенегалецот Ел Хаџи Диуф, ја користи секоја прилика во своите изјави да го „чепне“ својот некогашен клуб, за кој од 2002 до 2005 година одигра 80 меча и даде шест гола. Диуф често го критикуваше тогашниот капитен и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард, со кого играа заедно, и затоа не е […]

Ѓорческа ја декласираше Колумбијката Аранго на турнир во Унгарија


Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја декласираше Колумбијката Аранго со 6:0, 6:2 во четвртфиналниот дуел на ИТФ фјучрс турнирот во унгарскиот град Карпошвар. Аранго има лош пласман на светската ранг-листа, не е меѓу првите 1.000, но таа во првото коло докажа дека е одлична тенисерка, со тоа што ја изненади Олга Даниловиќ, Србинката која учествува […]

Реал без 18-годишниот Бразилец против Атлетико


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, потврди дека 18-годишниот Бразилец Родриго, нема да биде во составот за утрешното градско дерби против Атлетико. Родриго имаше деби од соништата, даде гол само 90-тина секунди по влегувањето во игра, и ја потврди победата на Реал против Осасуна. Тој веднаш воодушеви со својата игра, но тоа не е доволно […]

Руската Формула 1 трка ќе се пресели од Сочи во Санкт Петерсбург


Трката од Формула 1 шампионатот која в недела ќе се вози на патеката во Сочи, би можела да биде претпоследна во овој олимписки град на Црното море. Според најавите, наместо во Сочи, трките за Големата награда на Русија од 2021 година ќе се возат во Санкт Петерсбург. Русите вложија многу пари за изградба на Ф1 […]

(ФОТО) Ејупи удрен со шипка во глава, па го претепал напаѓачот во самоодбрана!


Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи, кој го носи дресот на хрватски Славен Белупо, вчера беше уапсен во Копривница под сомнеж дека тој и неговиот роднина претепале 53-годишен маж. Хрватските медиуми објавија дека Ејупи се скарал со 53-годишниот маж, по што роднината на Ејупи го претепал со шипка, но најновите детали даваат пресврт во ситуацијата. „По истражувањето […]