(ФОТО) Ејупи удрен со шипка во глава, па го претепал напаѓачот во самоодбрана!


Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи, кој го носи дресот на хрватски Славен Белупо, вчера беше уапсен во Копривница под сомнеж дека тој и неговиот роднина претепале 53-годишен маж.

Хрватските медиуми објавија дека Ејупи се скарал со 53-годишниот маж, по што роднината на Ејупи го претепал со шипка, но најновите детали даваат пресврт во ситуацијата.

„По истражувањето се сомнева дека во средата, на 25 септември, околу 19:40 часот во Копривница, 53-годишниот маж со шипка го удрил 31-годишниот Ејупи, а потоа и неговиот роднина. Притоа во самоодбрана нападнатите мажи му ја одзеле шипката на 53-годишниот маж и го претепале“, пишува во полициското соопштение.