Семејството и Исус: Модриќ ги бакна нивните слики, па влезе во игра


Лука Модриќ се врати на зелениот терен. Го немаше од третото коло на шпанското првенство откако се повреди во септемврискиот репрезентативен циклус. Иако Реал без него запиша три победи, во градското дерби против Атлетико Мадрид се виде колку најдобриот светски фудбалер за минатата година му недостига на тимот. И колку „кралскиот клуб“ изгледа поинаку со него.

Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ заврши без голови. Хрватот доби 25 минути и веднаш по влегувањето во игра се најде во шанса, а потоа учествуваше и во акцијата што финишираше со најзрелата прилика на мечот – Бензема биеше со глава, Облак фантастично одбрани.

Но, пред самото влегување во игра, камерите забележаа интересен детал – хрватскиот капитен ги бакна своите костобрани, а вкупно дадет пет бакнежи.

Еден за сопругата Вања, потоа по еден за секое од нивните деца – малечките Ема, Ивана и Софија, а на крајот и за Исус Христос.

Тие се на фотографијата што Лука ги носи на секој натпревар со себе, на своите нозе. Семејната фотографија од минатогодишното доделување на Златната топка на која е прогласен за најдобар фудбалер на светот, а на врвот, како да ги чува, ликот на Исус Христос.