Погба сака да си оди од Манчестер јунајтед


Францускиот интернационалец Пол Погба, не е среќен во Манчестер јунајтед, и сака да си замине од клубот во јануарскиот преоден рок, тврдат новинари од весникот „Сан“.

Погба нема намера да го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, а обврзан е со клубот до летото 2021 година. На еден од најдобрите фудбалери на репрезентацијата која стана светски првак, не му е предизвик што игра во Лига Европа наместо во Лигата на шампионите. Тој летоска посакуваше преселба во Реал Мадрид, но тоа не се случи.

Според „Сан“, Погба има несогласувања со тренерот Оле Гунар Солскјер, кој го натера Погба да остане во клубот и оваа сезона, ветувајќи му дека ќе биде лидер на тимот. Манчестер за Погба бара дури 200 милиони евра, и ако клубот продолжи да бара толку, Реал сигурно нема да се обиде да го купи Погба