Вардар со победа се врати од Украина и останува максимален во Лигата на шампионите


Ракометарите на Вардар славеа против украински Мотор Запорожје на гостински терен со 31:30 и дојдоа до третата победа во исто толку настапи сезонава во Лигата на шампионите.

Вардар потешко од очекувањата дојде до победата против украинскиот тим, но не дозволи да доживее нов пораз од Мотор, откако претходно Вардарци загубија од Украинците во СЕХА лигата.

Мотор одигра одличен натпревар, пружи повеќе од достоен отпор против европскиот првак, а малку недостасуваше да извлече реми, но не успеаја на време да постигнат гол во финишот од натпреварот.

Во првото полувреме, актуелниот европски првак прими дури 18 гола, не функционираше одбраната, голманите речиси ништо не одбранија. Но, Вардар како по навика подобро игра во вторите полувремиња, така и вечерва.

Вардар на овој меч стана 12-тиот тим во историјата на ракометната ЛШ со повеќе од 4.000 голови. Тимур Дибиров со 10 гола беше најефикасен во редовите на македонскиот тим, а клучниот гол беше дело на Даинис Криштопанс.

Ова беше прв меч на Мотор и Вардар во ЛШ. Пред три недели во СЕХА, среќата беше на страна на Мотор кој славеше минимално кога Чупиќ утна пенал во последната секунда, а сега Мотор даде гол за изедначување, но судиите пресудија дека шутот е задоцнет, па вардарци се радуваа.