Азар: Сè уште не сум „галактико“, морам да покажам дека можам


Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар изјави дека му треба подобрување ако сака да биде „галактико“ по неговиот бавен старт на сезоната во која се уште нема забележано гол или асистенција.

Белгискиот крилен напаѓач му се придружи на „кралскиот клуб“ од Челзи летово за 88 милиони фунти по нивната разочарувачка кампања 2018-19. Азар многумина го сметаат за заменик на Кристијано Роналдо, откако го наследи бројот 7 од Португалецот.

– Сè уште не сум „галактико“, морам да покажам дека можам да бидам таков. Сите ја знаеме историјата на бројот 7 во овој клуб и сакам да покажам дека можам да бидам најдобар на светот. Сакам да дадам се од себе не само на натпреварите, туку и на тренинзите, рече тој пред новинарите пред утрешниот натпревар на Реал Мадрид со Бриж од Лигата на шампионите.

Откако се дозна дека пристигнал во претсезоната со неколку килограми плус, Азар претрпе повреда на бутот пред почетокот на сезоната и не успеа да го направи своето официјално деби за Реал Мадрид пред 14 септември, кога тимот го совлада дома Леванте со 3:2. 28-годишниот офанзивен играч стартуваше во три натпревари после тоа, но е далеку од неговата најдобра форма.

– Можам да се справам подобро, јас сум критичен кон себе, но со постојана работа ќе ги променам работите. Не е сè совршено, но ние сме први во Ла Лига, загубивме во Париз – тогаш не се чувствував 100%, но сега сум целосно подготвен да дадам се од себе на следните средби. Сега не сум повреден и само треба да бидам прецизен пред голот, да го правам она што сите очекуваат од мене. Како што почнувам да станувам се подобар и подобар на теренот, сè ќе стане полесно. Едноставно ми недостасува таа гол или асистенција да влезам во ритамот што ми треба, заврши тој.