Вознемирувачки фотографии: Ејупи по тепачката во Копривница


Фудбалскиот клуб Славен Белупо објави фотографии од нашиот Музафер Ејупи по тепачката во средата во центарот на Копривница. На нив се гледаат повредите што ги здоби поранешниот македонски репрезентативец. Од полицијата потврдија дека Ејупи бил нападнат, а не оти бил напаѓач.

Инцидентот се случи кога фудбалерот во друштво на свој близок се скарал со 53-годишен маж околу паркинг-простор. Непознатиот маж извадил шипка и ги нападнал Ејупи и пријателот, но тие му вратиле, па завршил во болница.

Полицијата го истражува случајот.