Шкупи ја тресна Шкендија, Вардар се одвои на врвот

Марио Јурина беше двоен стрелец за чарирчани

Вардар се одвои на врвот од фудбалската табела по осмото коло од домашниот шампионат. Скопските „црвено-црни“ се најголемиот добитник по оваа рунда откако на Градски беа подобри од Академија Пандев, а тетовска Шкендија загуби на гостувањето во Чаир со што заостанува зад лидерот цели девет поени.

Најтрофејниот македонски тим стигна и до шестата последователна победа. По исклучително топло време, скопјани заслужено стигнаа до трите бода против струмичани. Стрелец на победоносниот гол беше Аврамовски од пенал во првото полувреме. Ова е прв пораз сезонава за освојувачот на Купот.

Во саботното дерби, Шкупи ја тресна Шкендија, зголемувајќи ги маките на актуелниот шампион, кој падна на шестото место од табелата. Тетовците пропуштија да реализираат пенал во првото полувреме преку Ибраими, а во вториот дел стигна казната. Јурина стрелаше два пати прецизно за огромно славје на трибините во Чаир.

Во другите натпревари, Ренова со голот на Селмани поведе против фенерџијата Борец, но во финишот се одвиваше драма со два пенала. Борец израмни преку Христов, а Гафури им ја скрати радоста на велешани.

Силекс му го препушти претпоследното место на Работнички откако во Кратово минимално ги совладаа „романтичарите“ со погодокот на Жеравица.

Македонија Ѓорче Петров оствари важна победа на гостувањето во Струга. Трите бода на „лавовите“ им ги донесе Божиновски, кој беше двоен стрелец.

Следниот викенд, на програмата е големото дерби меѓу Шкендија и Вардар што ќе се одигра на Градскиот стадион во Тетово.

Резултати: Вардар – Академија Пандев 1:0, Шкупи – Шкендија 2:0, Ренова – Борец, Силекс – Работнички 1:0, Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров 0:2.

Табела:

Вардар 19, Академија Пандев 15, Македонија Ѓ.П. 14, Ренова 13, Шкупи 12, Шкендија 10, Силекс 9, Струга Т.Л. 8, Работнички 7, Борец 5

Идно коло: Академија Пандев – Силекс, Шкендија – Вардар, Борец – Струга Трим Лум, Македонија Ѓорче Петров – Шкупи, Работнички – Ренова