ФФМ ќе набави дополнителна медицинска опрема за репрезентацијата


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, донесе неколку одлуки околу носење на пропозиции за натпреварување во неколку лиги и Купот, а реши и да набави медицинска опрема за потребите на националниот тим.

Донесени се пропозиции за натпреварување за сезоната 2019/2020 во првата и втората футсал лига, за Купот во футсал, како и за Купот во женска конкуренција.

УО на ФФМ на барање на медицинскиот тим во А репрезентацијата, донесе одлука да обезбеди медицинска опрема (апарат за компресиона крио терапија, апарат за лимфна дренажа и апарат за електро терапија), како дополнивање на апаратурата за физикална терапија која веќе репрезентацијата ја има на користење додатоци за побрза и поквалитетна рехабилитација.