Дембеле во ПСЖ до 2027


Францускиот напаѓач Усман Дембеле потпиша петгодишен договор со ПСЖ, објави денеска францускиот првак. Дембеле (26), кој со Франција ја освои светската титула во 2018 година, го носеше дресот на Барселона од 2017, а во 2022 година го продолжи договорот со каталонскиот клуб за уште две години. Меѓутоа, ПСЖ ја искористи клаузулата во договорот и плати …

Дембеле во ПСЖ до 2027 Read More »

Во шокантен пресврт, Кејн потпиша за Баерн


Најлудата приказна од преодниот рок заврши рано утринава со среќен крај за Баерн. Хари Кејн (30), најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, чиј капитен е, потпиша во 2 часот по полноќ за Баерн.  Ваквиот расплет со ентузијазам го следеа многу навивачи на најголемиот германски клуб, кои цел ден и ноќ …

Во шокантен пресврт, Кејн потпиша за Баерн Read More »

Шок во Торонто: Елиминиран Алкараз 


Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз имаше многу слаба недела во Торонто на Роџерс купот. На претходниот меч се извлече од Хуберт Хуркач, но овој беше елиминиран од американскиот тенисер Томи Пол. Карлос Алкараз го заврши учеството на Мастерсот во Торонто и тоа значи дека тенискиот свет ќе добие нов Мастерс шампион. Подобар од Алкараз беше Томи …

Шок во Торонто: Елиминиран Алкараз  Read More »

Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал


Македонската машка кадетска репрезентација победнички го заокружи настапот на Светското првенство за играчи до 19 години кое се одржува во Хрватска, откако вечерва во дуелот за пласман на 9 .место ја совлада Чешка со 28-22. Македонските ракометари од самиот почеток на дуелот во Копривница беа во водство и на полувреме заминаа со предност од 13-11. …

Македонските ракометари со триумф над Чешка го завршија настапот на кадетскиот Мундијал Read More »

Енрике: Дембеле е 99 проценти фудбалер на ПСЖ


Францускиот фудбалер Усман Дембеле (26) речиси сигурно ќе биде нов фудбалер на ПСЖ, најави денеска тренерот на францускиот првак Луис Енрике. „Дембеле сè уште официјално не е играч на ПСЖ, не е 100 отсто, но тоа е 99 отсто завршена работа. Преостанува уште еден параграф во договорот“, рече Енрике на конференција за новинари. Претходно оваа …

Енрике: Дембеле е 99 проценти фудбалер на ПСЖ Read More »

Хари Кејн чека, Баерн чека


  Спектакуларниот мултимилионски трансфер од англискиот репрезентативец Хари Кејн од Тотенхем во Баерн веројатно е пред комплетирање. Кејн веќе треба да ја заврши лекарската проверка во Минхен во петок и да потпише четиригодишен договор, како што објавија неколку медиуми. Можно е и деби за 30-годишникот в сабота во Суперкупот против победникот на Купот на Германија, …

Хари Кејн чека, Баерн чека Read More »

Алкараз се извлече од пораз против Хуркач и обезбеди четвртфинале во Торонто


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Торонто, откако го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 3-6, 7-6/2, 7-6/3. Негов следен ривал ќе биде Американецот Томи Пол, кој го победи сонародникот Маркос Жирон со 6-3, 6-2. Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина исто така се пласира во четвртфиналето, откако го совлада петтиот светски играч Каспер …

Алкараз се извлече од пораз против Хуркач и обезбеди четвртфинале во Торонто Read More »

Во Хрватска исчезнаа десет ракометари на Бурунди


 Во Риека исчезнаа десет 17-годишни ракометари од Бурунди.  Како што соопштија од ПУ Приморје-Горска, исчезнати се учесниците на светското кадетско првенство во ракомет што ќе се одржи од 2 до 13 август во повеќе градови на Хтвар, меѓу кои и Риека, пренесува Јутарњи лист.  „Според досегашните информации, станува збор за десет млади момчиња родени 2006 …

Во Хрватска исчезнаа десет ракометари на Бурунди Read More »

Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната


Килијан Мбапе донесе конечна одлука – ќе остане член на ПСЖ до крајот на сезоната и нема да изнуди трансфер во Реал Мадрид ова лето. Французинот беше исфрлен од првиот тим на Парижаните бидејќи не сака да го продолжи договорот, а ставот на лидерот на ПСЖ е дека нема да игра оваа сезона поради непочитувањето …

Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната Read More »

Српски медиуми: Божовиќ Гроф ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација


 Поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, Миодраг Божовиќ Гроф наскоро ќе биде назначен за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Според „24sedam“, искусниот стратег ќе ја преземе репрезентацијата на поранешната југословенска република во обид да ја однесе на ЕУРО. – Гроф нема да има лесна задача на овој пат. Македонците се во група со два големи …

Српски медиуми: Божовиќ Гроф ќе биде новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Read More »

Градот не дозволува уривање на култниот „Сан Сиро“: Тоа е културно богатство


Како што стојат работите, фудбалските клубови Милан и Интер ќе мора да бараат друга локација за новиот стадион што заедно ќе го градат, бидејќи тоа нема да можат да го сторат на старото место. Причината е што не им е дозволено да го урнат култниот „Сан Сиро“ (Џузепе Меаца), бидејќи тој е означен како културно …

Градот не дозволува уривање на култниот „Сан Сиро“: Тоа е културно богатство Read More »

Наградниот фонд на УС Опен се зголеми за осум проценти


Њујорк – Наградниот фонд на последниот тениски Грен слем турнир во сезоната на УС Опен ќе биде зголемен за осум проценти во однос на 2022 година, објавија организаторите. Годинешниот награден фонд на турнирот во Њујорк ќе изнесува 65 милиони долари. Победниците во сингл во машка и во женска конкуренција ќе добијат по три милиони долари, …

Наградниот фонд на УС Опен се зголеми за осум проценти Read More »

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација


Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12 место на Светското првенство за играчи до 19 години. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот. Во групната фаза на …

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација Read More »

УЕФА за идната недела ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб


Нион – УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени. Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека …

УЕФА за идната недела ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб Read More »

Мареј: Рано е да се отпише Ѓоковиќ за грен слем титули


Лондон – Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ не треба да се потцени поради неговиот пораз од светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон 2023 година. – Би било многу неправедно да се отпише Новак Ѓоковиќ. Победата на Алкараз во финалето на Вимблдон може да означи почеток на нова ера. …

Мареј: Рано е да се отпише Ѓоковиќ за грен слем титули Read More »

Македонската репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Евробаскет 2025


Македонската кошаркарска репрезентација за место на Европското првенство во 2025 година ќе се бори со Литванија, Естонија и Полска во Х-групата од квалификациите кои ќе почнат во февруари, наредната година. Согласно со „рестрикциите“ на ФИБА, со оглед на тоа дека Полска е еден од ко-домаќините на наредното Европско првенство, и има обезбедено директен пласман на …

Македонската репрезентација ги доби противниците во квалификациите за Евробаскет 2025 Read More »

Директорот на АЕК: Динамо Загреб е апсолутно одговорен за инцидентите


Извршниот директор на АЕК, Јоргос Космас, директно го обвини Динамо Загреб за синоќешните инциденти и трагедијата со изгубен млад живот. Тој одби да учествува на состанок до претставници на хрватскиот клуб. – Во овој момент сметаме дека е незамисливо и параноично да учествуваме на состанок на кој се присутни и претставници на Динамо Загреб додека …

Директорот на АЕК: Динамо Загреб е апсолутно одговорен за инцидентите Read More »

Динамо најостро ги осуди инцидентите во Атина во кои беа вклучени негови навивачи


Хрватскиот фудбалски шампион Динамо денес преку соопштение ги осуди синоќешните инциденти во Атина предизвикани од навивачи на клубот кои самоиницијативно отпатуваа во грчката престолнина. Во нередите на улиците на Атина едно лице го загуби животот. -ФК Динамо најостро ги осудува нередите што се случија синоќа во Атина, во кои, според извештаите на грчката полиција и …

Динамо најостро ги осуди инцидентите во Атина во кои беа вклучени негови навивачи Read More »

Навивачите на Динамо Загреб имале соработници грчки навивачи


За синоќешниот инцидент меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб во Атина во кој едно лице беше убиено, а осуммина се повредени, од грчката полиција преку соопштение појаснија дека групата од околу 100-120 навивачи на хрватскиот клуб, заедно со грчки навивачи- соработници стигнале во близина на стадионот на атинскиот тим, каде што биле поддржувачите на …

Навивачите на Динамо Загреб имале соработници грчки навивачи Read More »

Нејмар побара да го напушти ПСЖ


  Нејмар побара трансфер од ПСЖ. Оваа вест прв ја објави угледниот француски L’Equipe, а набрзо ја пренесоа и сите поголеми светски медиуми. Бразилскиот фудбалер веќе некое време не е среќен во Париз, постојано се пишува дека би можел да го напушти клубот, а сега и официјално стави до знаење дека тоа е неговата цел. …

Нејмар побара да го напушти ПСЖ Read More »