Градот не дозволува уривање на култниот „Сан Сиро“: Тоа е културно богатство


Како што стојат работите, фудбалските клубови Милан и Интер ќе мора да бараат друга локација за новиот стадион што заедно ќе го градат, бидејќи тоа нема да можат да го сторат на старото место.

Причината е што не им е дозволено да го урнат култниот „Сан Сиро“ (Џузепе Меаца), бидејќи тој е означен како културно богатство и во иднина ќе служи како монументален споменик.

Така одлучи Регионалната комисија за културно наследство, иако прво уривањето беше одобрено од пониска инстанца за овие работи.

„Комисијата едногласно одлучи дека второто ниво на стадионот „Сан Сиро“ е од културен интерес“, се вели во соопштението.

Оваа одлука се заснова на историската важност на двата клуба, нивните големи успеси на тој стадион, како и успесите на италијанската репрезентација која некои од најголемите натпревари ги одигра на „Сан Сиро“.

Проектот за изградба на нов стадион автоматски се доведува во прашање.

Двата клуба веќе претставија идејно решение, се работи за супермодерна зграда која би се изградила веднаш на местото на сегашната зграда, но тоа сега е неостварливо сценарио.

Новиот „Сан Сиро“ требаше да биде завршен во 2027 година.

Очигледно, ќе се подигне на друго место.