Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната


Килијан Мбапе донесе конечна одлука – ќе остане член на ПСЖ до крајот на сезоната и нема да изнуди трансфер во Реал Мадрид ова лето.

Французинот беше исфрлен од првиот тим на Парижаните бидејќи не сака да го продолжи договорот, а ставот на лидерот на ПСЖ е дека нема да игра оваа сезона поради непочитувањето што го покажа кон клубот.

ПСЖ ја прифати понудата на Ал Хилал од 300 милиони евра, но Мбапе одби да се пресели таму. ПСЖ побара од Реал Мадрид 250 милиони, што Кралевите го одбија, а сега Мбапе е во многу непријатна ситуација.

Според Le Parisien, Мбапе ја донел конечната одлука, а тоа е да остане во ПСЖ до крајот на сезоната, а потоа како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
Останува да се види дали челниците на ПСЖ ќе се задржат на ставот да го исфрлат Мбапе од тимот и тој да ја помине цела сезона на трибините.