Алкараз се извлече од пораз против Хуркач и обезбеди четвртфинале во Торонто


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Торонто, откако го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 3-6, 7-6/2, 7-6/3. Негов следен ривал ќе биде Американецот Томи Пол, кој го победи сонародникот Маркос Жирон со 6-3, 6-2.

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина исто така се пласира во четвртфиналето, откако го совлада петтиот светски играч Каспер Руд со 7-6/4, 4-6, 7-64.

Мастерсот во Торонто се игра за награден фонд од 6,6 милиони долари.