Во Хрватска исчезнаа десет ракометари на Бурунди


 Во Риека исчезнаа десет 17-годишни ракометари од Бурунди.  Како што соопштија од ПУ Приморје-Горска, исчезнати се учесниците на светското кадетско првенство во ракомет што ќе се одржи од 2 до 13 август во повеќе градови на Хтвар, меѓу кои и Риека, пренесува Јутарњи лист.

 „Според досегашните информации, станува збор за десет млади момчиња родени 2006 година, кои вчера околу 15.30 часот се оддалечиле во непознат правец од просторот на студентскиот центар Риека, каде што биле сместени за време на првенството“, соопшти полицијата.

Оттаму додаваат дека не одговараат на ничии телефонски повици и дека „се преземаат мерки и дејствија за пронаоѓање на исчезнатите лица“, како и утврдување на сите релевантни факти и околности за нивното исчезнување.