Меси ќе ја заврши кариерата во Интер Мајами


Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси (36) најави денеска дека Интер Мајами, клубот чиј дрес во моментов го носи, најверојатно ќе биде последен во неговата славна кариера. „Цел живот играм фудбал и тешко ми е да го напуштам. Не сум подготвен за тоа. Дури и малку се плашам дека ќе дојде денот кога ќе треба да заминам. […]

Надал го пропушта Вимблдон


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да настапи на третиот грен слем турнир сезонава кј идниот месец ќе се игра во Вимблдон, најави денеска капитенот на Дејвис купот на Шпанија, Давид Ферер. „Рафа нема да игра на Вимблдон“, изјави Ферер, цитиран од весникот „Мундо Депортиво“. Според Ферер, 38-годишниот Надал сака што подобро да се подготви за […]

ФФМ: Филип Поповски ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024


Поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Филип Поповски, ќе биде делегат на финалето на ЕВРО2024 кое ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. Како што денеска соопшти ФФМ, Поповски е одреден за делегат на трите натпревари од групната фаза кои ќе се одиграат на Олимпискиот стадион во Берлин: […]

Столе Димитриевски и официјално нов голман на Валенсија


Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски и официјално е нов голман на Валенсија, објавија од клубот. Очекувањата се во новата сезона да биде прв голман на Валенсија, бидејќи главна цел на клубот е да заработи поголема сума на пари од Георги Мамардашвили. Популарниот Столе одигра шест сезони во Рајо Ваљекано, каде што се етаблира како еден од […]

Гвардиола ги откри своите фаворити за ЕП 2024


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето кои селекции ги смета за фаворити за Европското првенство во Германија кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули. -Германија и Шпанија. Англија? Се поблиску до конечна победа. Време е тие да го направат тој чекор. Имаат многу добра генерација во средниот ред и […]

ЕВРО2024: Европската титула ја освојуваа 16 селектори


Низ историјата на европските фудбалски првенства, вкупно 16 селектори можат да се пофалат дека ја освоиле титулата. Ниту еден селектор ја нема освоено европската круна два или повеќе пати, а единствениот кој беше европски првак на клупата на странска репрезентација беше Германецот Ото Рехагел во 2004 година со Грците. Паралелно, само двајца тренери имаат освоено […]

Зверев го откажа настапот во Штутгарт


 Најдобриот германски тенисер Александр Зверев, кој во неделата загуби во финалето на Ролан Гарос од Шпанецот Карлос Алкараз во пет сетови, го откажа денеска настапот на АТП турнирот од серијата 250 во Штутгарт. Местото на Зверев ќе го заземе 37-годишниот Французин Ришар Гаске. Тој директно во второто коло на турнирот влегува како „среќен губитник“ и […]

ЕВРО2024: Роналдо најдобар стрелец во историјата


 Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо е најдобар стрелец во историјата на европските првенства со 14 голови, кои ги постигна на пет континентални турнири. Во Португалија 2004 постигна два гола, еден во 2008 година, три во 2012 година, уште три на ЕП во 2016 година, додека на последниот европски турнир постигна пет голови. На второ место е […]

Клосе е новиот тренер на Нирнберг


Поранешниот германски фудбалер Мирослав Клосе е нов тренер на Нирнберг, соопштија од клубот. Најдобриот стрелец во историјата на светските првенства и Нирнберг потпишаа договор на две години. Традиција, страст, чесна работа, одлични навивачи… Тоа се сите работи што ги сакам во фудбалот и ги поврзувам со Нирнберг“, изјави Клосе, кој го прероди клубот. Клосе ја […]

ЕВРО2024: Италија ја брани титулата, Шпанците и Германците рекордери


Титулата европски фудбалски првак досега ја освоиле десет репрезентации, а најуспешни се Германија и Шпанија со по три европски титули. Шпанија славеше во 1964, 2008 и 2012 година, а покрај трите титули, може да се пофали и дека е единствената што успеала да ја одбрани титулата (2008, 2012). Три европски титули има и Германија (1972, […]

Македонската репрезентација со два пенали поразена од Чешка


 Македонската фудбалска репрезентација загуби од Чешка на гостински терен со 2-1 (0-0) во пријателски натпревар одигран вечерва во Храдец Кралове. Чешка, која се подготвува за настап на претстојното Европско првенство, целосно доминираше на теренот во првите 45 минути, но во предност дојде по еден час игра кога Шик го совлада Димитриевски од пенал. Македонија ја […]

Анчелоти ја повлече својата изјава, Реал ќе настапи на Светското клупско првенство


 Тренерот на европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави попладнево дека неговите зборови во врска со евентуалното неучество на Светското клупско првенство биле погрешно интерпретирани, додека и „Кралски клуб“ објави соопштение во кое наведе дека неговото учество на турнирот никогаш не било доведено во прашање. Откако Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) значително го намали наградниот […]

Ливерпул, Барселона или Ајакс на местото на Реал на Светското клупско првенство


Ливерпул, Барселона или Ајакс би можеле да го заменат Реал Мадрид на Светското клупско првенство, објавија денеска неколку шпански медиуми. Информацијата доаѓа откако тренерот на шпанскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека Кралскиот клуб ќе одбие учество на турнирот во 2025 година.  Турнирот треба да се одржи во нов формат со настап на 32 […]

Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ: Вимблдон – речиси невозможен


Антоан Геромета, докторот кој го оперираше Новак Ѓоковиќ, истакна дека мали се шансите третиот тенисер во светот да игра на Вимблдон. Францускиот стручњак за L’Equipe истакнува дека е тешко да се предвиди како ќе се одвива опоравувањето на коленото и дека е речиси невозможно да се биде на 100 проценти за само три недели. „Во […]

Почна одбројувањето до старт на ЕВРО2024


Одбројувањето до почетокот на Европското фудбалско првенство во Германија влезе во последната недела пред воведниот дуел меѓу домаќинот и Шкотска, на 14 јуни во Минхен. По последното ЕВРО2020, кое беше одложено за една година, а се одржа во време на пандемија на коронавирусот и во дури 11 земји и 11 градови, овогодишното издание повторно ќе […]

Осум месеци затвор за три лица кои го навредуваа Винисиус на расистичка основа


Тројца приврзаници на Валенсија кои го навредуваа играчот на Реал (Мадрид) Винисиус Јуниор на расна основа за време на натпреварот помеѓу двата тима на „Местаља“ на 21 мај, беа осудени во понеделникот на 8 месеци затвор и 2-годишна забрана за влез на фудбалски стадиони.  На крајот на мај средбата помеѓу Валенсија и Реал беше прекината […]

Реал нема да игра на Светското клубско првенство!


Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека мадридскиот клуб не сака да игра на претстојното светско клупско првенство, пренесуваат италијанските медиуми. Проблемот, според изјавата на петкратниот европски првак, е финансискиот надомест. Тој најави и дека по тој пат ќе тргнат и други екипи. „ФИФА може да заборави на нас. Еден натпревар на Реал […]

Алкараз влезе во тениската историја по триумфот на Ролан Гарос


 Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Отвореното првенство на Франција за мажи за прв пат во својата кариера. Тој во финалето во Париз го победи Германецот Александар Зверев со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 по 4 часа и 20 минути игра. На тој начин, 21-годишниот Шпанец задржа совршен биланс во финалињата на Гренд слем […]

Бостон посилен од извонредниот Дончиќ, поведе со 2-0 против Далас во финалето ан НБА (видео)


Бостон Селтикс се се поблиску до својата прва титула по 2008 година. Тимот го доби и вториот натпревар од финалето на НБА против Далас Маверикс, овојпат со 105:98. Домаќините во најголем дел го контролираа натпреварот, а нивното опуштање на крајот не се покажа фатално. Џру Холидеј го предводеше Бостон со 26 поени и 11 скока. […]

Трета по ред титула за Ига Швјонтек на Ролан Гарос


  За неколку минути се чинеше дека Ига Швјонтек е малку исфрлена во финалето на Ролан Гарос против Јасмин Паолини. Швјонтек постојано правеше грешки рано во саботата, Паолини имаше брејк во третиот гем и заостануваше на теренот „Филип Шатрие“. Дали ви претстои вистинско изненадување? Дали Паолини не само што може да направи натпревар во финалето, […]