Русија е исклучена од Меѓународната шаховска федерација


  Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ја лиши Руската шаховска федерација (ФШР) од членство на две години. Одлуката ја донесе етичката комисија. Тоа се должи на фактот дека федерацијата вклучуваше шаховски клубови од окупираните украински територии – Крим, Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон – и таму одржуваше натпревари, а исто така не ја почитуваше „политичката неутралност“. […]

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години


Како докажан филантроп Комерцијална банка ја продолжува соработката со Фудбалската федерација на Македонија со нов тригодишен договор за спонзорство, кој ќе обезбеди поддршка за развој и успеси на македонскиот фудбал. Водени од мотото дека Полесно е заедно да стигнеме до нови успеси, Комерцијална банка верува дека со својата поддршка ќе обезбеди нов импулс за подобри […]

Триесет и една година од смртта на Дражен Петровиќ


Пред 31 година на денешен ден во сообраќајна несреќа на автопат во близина на германскиот град Инголштад загина еден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ. Роден на 22 октомври 1964 година во хрватскиот град Шибеник, кошаркарскиот Моцарт почина на 29 годишна возрат, на врвот на својата играчка кариера. Дражен Петровиќ го одигра […]

Нови болиди од 2026 во Формула 1


Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) објави синоќа дека почнувајќи од 2026 година болидите во Формула 1 ќе бидат помали, поагилни и поеколошки. Според новите правила кои стапуваат во сила од сезоната 2026, болидите ќе бидат полесни за 30 килограми од денешните, 10 сантиметри потесни и ќе имаат мотори со речиси 50-50 поделба помеѓу електричната енергија и […]

НБА: Бостон поведе во големото финале


 Кошаркарите на Бостон Селтикс триумфираа со 107:89 против Далас Маверикс во првиот натпревар од финалето во НБА лигата. Џејлен Браун го предводеше домашниот тим со 22 поени, а закрепнатиот Кристапс Порзингис додаде 20 кошеви. Забележителен настап имаше и Дерик Вајт, кој натпреварот го заврши со 15 поени. Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ […]

Кога би можел Ѓоковиќ да се врати на терените по операцијата на коленото?


Поради скинат менискус на десното колено, Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од четвртфиналето на Ролан Гарос и натпреварот против Каспер Руд. На српскиот тенисер во средата попладне итно му беше извршена операција, а болницата во Париз веднаш ја напушти со патерици. По напуштањето, тој ја објави својата прва фотографија на патерици на Инстаграм […]

Зидан се враќа во фудбалот


Зинедин Зидан призна дека ги „наполнил батериите“ и е подготвен да му се врати на фудбалот. 51-годишната легенда одмара веќе три години откако ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид. Се шпекулираше дека Зизу би можел да стане селектор на Франција, но на Дидие Дешам му беше продолжен договорот. -Иако е потребно многу енергија, мислам […]

Фенербахче го „позлатува“ Мурињо


Португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе добива годишна плата од 10,5 милиони евра на чело на турскиот гигант Фенербахче. Информации за бонусите на основната плата на стручњакот не се објавени. Целта за Португалецот е освојување на турската лига. Фудбалерите на Фенербахче една деценија не триумфирале во локалниот шампионат и сега управата на клубот бара промена. Мурињо […]

Норвешка прв пат во историјата ќе организира СП во алпско скијање


 Норвешка во 2029 година прв пат во историјата ќе биде домаќин на Светско првенство во алпско скијање, а натпреварите ќе се одржат во Нарвик, град со околу 22.000 жители кој се наоѓа на повеќе од 300 километри северно од Арктичкиот круг. На конгресот во Рејкјавик делегатите на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) денеска избираа меѓу три […]

Ѓоковиќ е веќе опериран, Вимблдон го пропушта, Олимпијадата е неизвесна


  Новак Ѓоковиќ денеска е на операција на коленото. Српскиот тенисер го повреди менискусот на десната нога и затоа без борба во четвртфиналето се повлече од Ролан Гарос, но беше одлучено да преноќи, да замине на уште еден преглед, а потоа да донесе одлука дали ќе оди под нож. Тие прегледи, заедно со лекарската препорака, […]

Ролан Гарос заврши за Ѓоковиќ


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот. Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3. На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.

Еурофарм Пелистер се раздели со седум ракометари


Раководството на македонскиот првак Еурофарм Пелистер одлучи да не ја продолжи соработката со седум ракометари на кои со завршувањето на сезоната им истекоа договорите со битолскиот клуб. Редовите на Еурофарм Пелистер, како што соопшти денеска клубот, ги напуштаат Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски. „Клубот им […]

Англија фаворит за титулата на ЕВРО2024, според ОПТА


Агенцијата за фудбалска аналитика и статистика ОПТА ја издвои Англија како прв фаворит за освојување на титулата на претстојното Европско првенство. Според ОПТА, англиската репрезентација е главен фаворит за европската титула со 19,9 проценти, пред Франција (19,1 отсто) и домаќинот Германија (12,4 отсто). Европското првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија од 14 […]

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале. По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и […]

Ѓоковиќ повторно направи подвиг и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вечерашната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите. Со вечерашната победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите. Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на […]

Македонија убедливо поразена од Хрватска во пријателски натпревар


Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Хрватска со убедливи 3:0 (2:0) во пријателски натпревар одигран во Ријека. Хрватска денеска ја оправда фаворитската улога и не дозволи изненадувања, а Македонија немаше некоја посериозна шанса за гол. Во 10. минута Мајер со прекрасен гол од слободан удар го отвори резултатот. Истиот играч зголеми на 2:0 во […]

Реал Мадрид го објави трансферот на Килијан Мбапе


Реал Мадрид официјално објави дека големата ѕвезда на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе ќе биде фудбалер на 15-кратниот европски првак. 25-годишниот фудбалер пристигнува на слободен трансфер откако не сакаше да го продолжи договорот со парижаните, кој истекува на крајот на месецот. Според информациите, француската фудбалска суперѕвезда првично ќе го носи дресот со број […]

Мареска и официјално нов менаџер на Челси


 Енцо Мареска и официјално беше назначен за менаџер на елитниот англиски тим Челси.  44-годишниот италијански стручњак потпиша петгодишен договор со лондончани и го замени Маурисио Покетино. -Да се ​​приклучам на Челзи, еден од најголемите клубови во светот, е сон за секој тренер. Со нетрпение очекувам да работам со одлична група играчи и персонал за да […]

Полицијата упадна на тренингот на Новак


Интересна ситуација е видена на тренингот на Новак Ѓоковиќ пред мечот со Франциск Серундола. Имено, додека Новак тренираше со репрезентативците и се подготвуваше за дуелот со Аргентинецот, обезбедувањето на турнирот неочекувано имаше полни раце работа. Еден од гледачите веројатно заборавил да си ја донесе чантата, па следела стандардната антитерористичка процедура. Полицијата и обезбедувањето морале да […]

Со акцијата на Спорт Лајф – „Играј за повеќе“, играш за 100.000 денари


Новата акција на обложувалниците „Sport Life“ – „Играј за повеќе“, ќе се одвива од 1-ви јуни сè до 14 јули, во шест неделни етапи, со премија од 100.000 денари за секоја етапа. Премијата ќе ја освои играчот со највисок погоден коефициент на добитен тикет, уплатен со приложување на СЛ клуб картичката. За пресметка во неделните […]