Ферстапен победи на Големата награда на Мексико


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на Мексико. Второто место му припадна на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон со заостанување од 13,875 секунди, а по него е Шарл Леклер од Ферари (+23,124). Во првите 10 се пласираа уште и: Карлос Сајнц (Ферари), Ландо …

Ферстапен победи на Големата награда на Мексико Read More »

Хорор во Холандија: Фудбалер колабираше пред крајот на натпреварот


Морничави сцени доаѓаат од Холандија. Бас Дост, напаѓачот на НЕЦ Најмеген колабираше на теренот кон крајот на натпреварот против АЗ Алкмар. Натпреварот беше прекинат, и во тој момент НЕЦ Најмеген имаше активен резултат 2:1 во нивна корист. Дост погоди за водство во 11. минута, а потоа асистираше во 31. минута за 2:0 на гостите, пред …

Хорор во Холандија: Фудбалер колабираше пред крајот на натпреварот Read More »

Синер го освои турнирот во Виена


Италијанскиот тенисер Јаник Синер денес го победи Русинот Данил Медведев во финалето на турнирот во Виена со 2:1, по сетови 7:6, 4:6 и 6:3. Мечот траеше 3 часа и 6 минути. За Синер ова беше десетти трофеј во поединечна конкуренција од АТП серија. Медведев кој е трет на АТП ранг-листата загуби второ финале во низа …

Синер го освои турнирот во Виена Read More »

Формула 1: Пол-позицијата во Мексико за Леклер


Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико. Во квалификациите одржани синоќа доминацијата на Ферари ја потврди Карлос Сајнц. Од првите 10 позиции ќе стартуваат: 1. Шарл Леклер (Ферари) 2. Карлос Саинс (Ферари) 3. Макс Ферстапен (Ред Бул) 4. Даниел Рикардо (Алфа Таури) 5. Серхио …

Формула 1: Пол-позицијата во Мексико за Леклер Read More »

Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик


Мик Џегер и неговиот колега од Ролинг Стоунс, Рони Вуд беа присутни на Олимпискиот стадион во Барселона, познат и како Монжуик, каде Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2:1 во големото дерби.   Фудбалерите на Барселона, на дербито, наместо вообичаениот спонзорски дрес носеа специјални дресови со логото на Ролинг Стоунс „жешките усни“, но не е …

Барселона го одигра Ел Класико во дресови со логото на Ролинг Стоунс, натпреварот го следеше и Мик Џегер Мик Read More »

Велеслаломска победа на Гут-Бехрами на отворањето на новата сезона


Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање почна денеска во австрискиот зимски центар Зелден со женскиот велеслалом во кој триумфираше Швајцарката Лара Гут-Бехрами. Водечката по првото возење Федерика Брињоне од Италија на крајот заврши второпласирана со заостанување од две стотинки, додека на подиумот се искачи и Петра Влхова од Словачка, која зад Гут-Бехрами заостана …

Велеслаломска победа на Гут-Бехрами на отворањето на новата сезона Read More »

Детски минибаскет фестивал викендов во Скопје


Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) утре во Скопје ќе организира дружење со најмладите кошаркари и кошаркарки од генерациите 2014, 2015, 2016 и 2017, во рамки на традиционалниот минибаскет фестивал. Во салата на СРЦ „Кале“, почнувајќи од девет часот, на неколку специјално креирани терени, адаптирани за најмалите возрасни кошаркарски категории, ќе продефилираат повеќе од осумстотини идни кошаркари …

Детски минибаскет фестивал викендов во Скопје Read More »

Ноер се враќа по долгата пауза


Голманот на Баерн и германската репрезентација, Мануел Ноер (37), ќе брани на утрешниот натпревар против Дармштад, потврди тренерот на германскиот шампион, Томас Тухел. Ноер е надвор од терените од почетокот на декември минатата година кога на скијање ја скрши потколеницата на десната нога. 💬 #Tuchel führt zu #Neuer aus: "Es ist eine besondere Situation. Ich …

Ноер се враќа по долгата пауза Read More »

Стартува новата сезона во алпско скијање, Шифрин и Одермат фаворити


Новата сезона во Светскиот куп во алпски дисциплини почнува овој викенд во австрискиот зимски центар Зелден, а главни фаворити за освојување на големиот кристален глобус повторно се Американката Микаела Шифрин и Швајцарецот Марко Одермат. Шифрин и Одермат влегуваат во новата сезона како двократни последователни светски шампиони. Американката е рекордер според бројот на победи во Светскиот …

Стартува новата сезона во алпско скијање, Шифрин и Одермат фаворити Read More »

Манчестер сити забрани влез на стадионот на двајца малолетници поради навреди за починатиот Чарлтон


 Англискиот фудбалски првак Манчестер сити им забрани на двајца малолетни навивачи да ги следат натпреварите на клубот поради навредливо скандирање по повод смртта на легендата на градскиот ривал Манчестер јунајтед, Боби Чарлтон. Веста за смртта на Чарлтон беше објавена на полувремето на натпреварот меѓу Сити и Брајтон минатата сабота, а двајцата малолетници беа снимени како …

Манчестер сити забрани влез на стадионот на двајца малолетници поради навреди за починатиот Чарлтон Read More »

Алкараз ќе настапи на Мастерсот во Париз


Светскиот рекет број 2., Шпанецот Карлос Алкараз, најави денеска дека ќе настапи на Мастерс турнирот од серијата 1000 во Париз, кој е на програмата од 30 октомври до 5 ноември. Освојувачот на две грен – слем титули (Ју Ес Опен 2022, Вимблдон ова лето) ќе настапи и на завршниот Мастерс на кој ќе се соберат …

Алкараз ќе настапи на Мастерсот во Париз Read More »

Македонската репрезентација остана на 66. место на ФИФА ранг-листата


Најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска не донесе измени за македонската фудбалска репрезентација која со 1368.41 бодови остана на 66. место. Македонските фудбалери овој претрпеа пораз од Украина (0-2) во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024, а ја совладаа Ерменија (3-1) во пријателски натпревар во Струмица. На врвот на ранг-листата на ФИФА, исто така, …

Македонската репрезентација остана на 66. место на ФИФА ранг-листата Read More »

Анчелоти верува дека Винисиус ќе ја освои Златната топка


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го сподели своето мислење за перформансите на напаѓачот на тимот Винисиус Јуниор. – Тој дефинитивно ќе ја освои Златната топка и тоа ќе се случи наскоро. Винисиус се врати од повредата во добра форма и му помогна на тимот да ја победи Брага, го цитира Анчелоти „TNT Sports“. Дваесет …

Анчелоти верува дека Винисиус ќе ја освои Златната топка Read More »

НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2024 година ќе се игра во формат Исток против Запад


НБА објави промени во форматот на Ол-стар натпреварот во 2024 година, кој ќе се одржи на 18 февруари во„ Гејнбриџ Филдхаус“ арената на Индијана во Индијанаполис. Седумдесет и третиот Ол-стар натпревар во најсилната кошаркарска лига ќе биде класичен дуел меѓу селекциите на Источната конференција и на Западната конференција. Процесот на гласање ќе остане ист, со …

НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2024 година ќе се игра во формат Исток против Запад Read More »

Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика


– Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Северна Македонија донесе одлука да го суспендира играчот на Работнички  Квентон Декози поради удар на Дамјан Стојановски капитенот на МЗТ Скопје Аеродром. Инцидентот се случи на дербито одиграно викендот во СРЦ „Кале“ во Скопје. Декози ќе треба да плати и парична казна од 25.000 денари. Клубот домаќин на …

Четири натпревари суспензија за Декози, Работнички два, МЗТ Скопје еден натпревар дома без публика Read More »

Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот


Лозана – Романската тенисерка Симона Халеп поднесе денеска тужба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана на четиригодишната суспензија што ѝ беше изречена поради допинг. Поранешната најдобра светска тенисерка и двократна грен – слем шампионка беше суспендирана на 7 октомври лани, откако независна комисија утврди дека 32-годишната Романка „намерно ги прекршила антидопинг правилата“. Обжалувајќи ја …

Халеп ја обжали четиригодишната суспензија од тенисот Read More »

Анчелоти: Не ми се допадна што ѝ дозволивме на Брага да постигне гол


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати забелешки кон своите фудбалери и покрај победата над Брага (2:1) синоќа во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. – Родриго постепено почнува да постигнува голови и тоа е многу важно за нас. Генерално мислам дека одигравме многу добар натпревар. Не ми се допадна …

Анчелоти: Не ми се допадна што ѝ дозволивме на Брага да постигне гол Read More »

Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата


 Со два одиграни натпревара ноќта вторник кон среда отворена е сезоната 2023/24 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл-дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции. Во поразениот тим се истакна Леброн …

Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата Read More »

Историски прв бод за Алкалоид во евро-куповите


Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид го освои првиот бод на меѓународната сцена. Во својот прв натпревар на гостински терен во ЕХФ Европската лига, избраниците на тренерот Кирил Лазаров, вечерва одиграа нерешено, 29:29 против шпанска Логроњо Ла Риоха. Алкалоид во неколку наврати се враќаше по негатива од три и четири голови, за на почетокот на второто полувреме, …

Историски прв бод за Алкалоид во евро-куповите Read More »

Рекордни 125 странци сезонава во НБА лигата


Рекордни 125 кошаркари од 40 земји на шест континенти ќе бидат дел од новата сезона во НБА лигата која почнува вечерва со натпреварот меѓу актуелниот шампион Денвер и Лос Анџелес лејкерс. Ова е трета сезона во серија во која во најсилната кошаркарска лига во светот ќе настапат повеќе од 120 странски играчи и десетта во …

Рекордни 125 странци сезонава во НБА лигата Read More »