Рекордни 125 странци сезонава во НБА лигата


Рекордни 125 кошаркари од 40 земји на шест континенти ќе бидат дел од новата сезона во НБА лигата која почнува вечерва со натпреварот меѓу актуелниот шампион Денвер и Лос Анџелес лејкерс.

Ова е трета сезона во серија во која во најсилната кошаркарска лига во светот ќе настапат повеќе од 120 странски играчи и десетта во низа со повеќе од 100 странци во НБА екипите.

Сите 30 НБА тимови сезонава ќе имаат по најмалку еден кошаркар од странство.

Канада е најзастапена со 26 играчи, а следат Франција со 14 и Австралија со девет кошаркари.