ЕВРО2024: Ердоган од трибините ќе ја бодри Турција во четвртфиналето


Турското претседателство официјално објави дека шефот на државата Реџеп Таип Ердоган ќе пристигне во Германија на саботниот четвртфинален натпревар на Европското фудбалско првенство меѓу Турција и Холандија. Натпреварот ќе се игра во Берлин со почеток во 21 часот, а следува по дипломатскиот инцидент меѓу Германија и Турција што се случи поради реакцијата на турскиот фудбалски […]

ЕУРО 2024: Профитабилен бизнис со фудбалски дресови?


Фудбалот е огромна машина за правење пари. И тој бизнис почнува уште со дресовите. Некои компании вложуваат многу пари за да се рекламираат преку фудбалот. Нивната цел е да го направат својот бренд попознат, да го подобрат имиџот и да привлечат нови клиенти. Големите производители на спортска опрема како Адидас или Најк плаќаат стотици милиони […]

Мерих Демирал е суспендиран на два натпревари од УЕФА


Берлин – Турскиот дефанзивец Мерих Демирал е суспендиран на два натпревари од УЕФА пред четвртфиналето на ЕУРО 2024 против Холандија, пренесe БИЛД. Тоа значи дека централниот бек ќе пропушти и евентуално полуфинале доколку бидат успешни против „лалињата“. Дефанзивецот на Ал Ахли ги постигна двата гола во победата на неговиот тим над Австрија со 2-1 во осминафиналето. […]

Мбапе: Му се восхитувам на Роналдо, но целта е победа над Португалија


о пресрет на пресметката со португалската репрезентација, капитенот на Франција, Килијан Мбапе е оптимист. Во петок навечер, светските шампиони од 2018 година ќе ги одмерат силите со европскиот шампион од пред 8 години во четвртфинален дуел на ЕП 2024. Логично, акцентот паѓа на пресметката помеѓу новиот напаѓач на Реал Мадрид и поранешниот, Кристијано Роналдо, кој […]

Ѓоковиќ после три часа игра се пласира во 3-то коло на Вимблдон


Новак Ѓоковиќ по три часа игра го совлада 277. тенисер во светот, Џејкоб Фирнли со 3-1 во сетови. Новак без проблем и рутински ги доби првите два сета со 6-3 и 6-4, имаше и брејк во третиот сет, но Фирнли не се предаде и направи пресврт, добивајќи го сетот со 7-5. Меѓутоа Ѓоковиќ во следниот […]

Милијардерката од Вимблдон: Американската тенисерка е побогата од Федерер, Ѓоковиќ и Надал


Американската тенисерка Ема Наваро годинава дебитираше на Вимблдон и беше многу успешна бидејќи стигна до третото коло. Оваа 23-годишна девојка во првите две кола со многу убедливи резултати ги победи Кинеската Ванг Кианг и Јапонката Наоми Осака. Таа моментално е 19-та рангирана тенисерка во светот, а многумина се на мислење дека нејзиното време допрва доаѓа […]

Четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард


Рапидниот развој на билијардските спортови, како на светско, така и на локално ниво, ќе се огледа и во фактот дека за прв пат ќе има четири македонски претставници на Европското првенство оваа година. Билијард федерацијата на Македонија на прес конференција ги претстави учесниците кои ќе патуваат за Потчетртек во Словенија, при што беше подвлечено дека […]

Германската полиција отвори истрага за претепување на навивач од страна на обезбедувањето на Евро 2024


 Полицијата во Франкфурт отвори истрага по објавувањето на видеото на кое се гледа како стјуардите тепаат навивач на натпреварот Португалија – Словенија во осминафиналето на Евро 2024 година. – Свесни сме за видеото и истражуваме случај на нанесена телесна повреда, изјави за „Ројтерс“ портпаролот на полицијата во Франкфурт, Бинто Лонда. Претходно УЕФА ги осуди стјуардите […]

Мендеш: Ќе направиме сѐ за Роналдо да освои трофеј на неговото последно Евро


 Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш ја истакна решителноста на сите негови соиграчи да дадат максимум во обидот Кристијано Роналдо да го подигне трофејот на неговото последно Европско првенство. -Ова е неговото последно евро и ќе направиме сѐ за да му го подариме трофејот, изјави Мендеш за „A Bola“. Роналдо по победата над Словенија (0:0, пенкало […]

Неизвесно учеството на Меси во четвртфиналето на Копа Америка


 Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони сѐ уште се сомнева во учеството на капитенот на тимот Лионел Меси во четвртфиналниот натпревар на Копа Америка против Еквадор. – Ќе почекаме неколку часа и ќе донесеме одлука врз основа на неговата состојба. Ќе се обидеме да го натераме да игра, но доколку тоа не се случи, ќе го […]

Манчестер Јунајтед отпушта 250 луѓе за да го оптимизира буџетот


Манчестер – Англискиот клуб Манчестер Јунајтед предложил укинување на 250 работни места како дел од програмата за отпуштања во целиот клуб, изјави извор близок до раководството, цитиран од англиските медиуми. Одлуката ќе влијае на сите нивоа, одделенија и структури на клубот со исклучок на неговата добротворна организација, Фондацијата Манчестер Јунајтед, се додава во информацијата. Кратењата, првпат […]

Манчестер Јунајтед отпушта 250 луѓе за да го оптимизира буџетот


Англискиот клуб Манчестер Јунајтед предложил укинување на 250 работни места како дел од програмата за отпуштања во целиот клуб, изјави извор близок до раководството, цитиран од англиските медиуми. Одлуката ќе влијае на сите нивоа, одделенија и структури на клубот со исклучок на неговата добротворна организација, Фондацијата Манчестер Јунајтед, се додава во информацијата. Кратењата, првпат објавени […]

Леброн потпиша нов договор со Лејкерси за 104 милиони долари


Лос Анџелес – Лидерот по бројот на постигнати поени во НБА лигата, Леброн Џејмс, потпиша нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, објави ЕСПН. Договорот на 39-годишниот Џејмс е за следните две сезони и вреди вкупно 104 милиони долари. Според ЕСПН, договорот е за 1+1 година, а има и клаузула која го спречува раководството да го префрли […]

Поранешен светски шампион во скок во височина пронајден мртов, бил застрелан


Кејптаун  – Јужноафриканската полиција го откри телото на поранешниот светски шампион во скок во височина Жак Фрајтаг, откако тој исчезна минатиот месец, објавија локалните медиуми во средата. Извештаите велат дека 42-годишниот, кој ја освои светската титула во 2003 година во Париз и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2004 година, бил застрелан. Неговото семејство одби да […]

Турскиот херој може да остане без четвртфинале: УЕФА отвори истрага за славењето на Демирал


Мерих Демирал прерасна во апсолутен турски херој со двата гола кои ги постигна против Австрија, погодоци кои ја однесоа неговата селекција во четвртфиналето на Европското првенство. Стоперот направи главна разлика во шеснаесетникот и со својата снаодливост беше нерешлива енигма за Австријците, но неполни 24 часа по крајот на мечот, пристигна вест која нималку нема да […]

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024


Берлин – На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза. Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија. Двојки и термини за 1/4финалето:  Шпанија – Германија (5 јули, 18 часот) […]

ЕВРО2024: Демирал ја однесе Турција во четвртфинале


Турција е последниот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во Лајпциг ја совлада Австрија со 2-1 (1-0). Во еден од највозбудливите осминафинални дуели на ЕВРО2024, Турција дојде во водство по само 60 секунди со голот на Демирал, а истиот играч беше прецизен и во 59 минута за водство од 2-0. Грегорич во 66 минута […]

ЕВРО2024: Холандија седми четвртфиналист


Минхен – Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО2024, откако во доминантен стил ја совлада вечерва Романија во Минхен со 3-0 (1-0). Холанѓаните дојдоа во водство во 20 минута со голот на Гакпо, кој во 83 минута му асистираше на Мален за удвојување на предноста. Мален стави точка на победата на Холандија со […]

Ѓоковиќ го крена „Вимблдон“ на нозе: Да беше некој друг турнир во светот, немаше да ризикувам


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без драма го совлада Вито Коприва во првото коло на Вимблдон со 3:0. Новак победи со 6:1, 6:2 и 6:2 за два часа тенис и неполн месец откако го оперираше десното колено. По пресметката со Коприва вели дека се чувствува добро и дека не бил сосема сигурен како ќе изгледа […]

Рубљов ја одби поканата од ИОК, Медведев ќе настапи на Игрите во Париз


Париз – Освојувачот на златниот олимписки медал во мешани двојки во Токио, Андреј Рубљов и тенисерките Дарија Касаткина и Ана Калинскаја се меѓу 12. претставници од Русија и Белорусија кои ги одбија поканите од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреваруваат како неутрални спортисти на Олимписките игри во Париз. ИОК вчера објави ажуриран список на […]