Снимен е филм за Дражен Петровиќ, наскоро во кино салите (видео)


Продуцентската куќа Кинотека денеска го објави првиот тизер за играниот филм „Дражен“, кој за првпат на големото платно ја носи приказната за легендарниот Дражен Петровиќ. На почетокот на тизерот во неговите кошаркарски почетоци го гледаме малиот Дражен, кој го игра талентираниот Тонко Стошиќ од Шибеник. Ова се дел од првите сцени што гледачите ќе можат […]

Почнуваат квалификациите за последните четири слободни места на кошаркарскиот олимписки турнир


 Во Атина (Грција), Рига (Летонија), Валенсија (Шпанија) и Сан Хуан (Порторико) од денес до 7 јули ќе се играат квалификациски турнири за пласман на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Вкупно 24 репрезентации поделени во осум групи ќе тргнат поход кон едно од слободните места за Олимпијадата. Секоја од нив ќе одигра по два […]

Роналдо по пласманот во четвртфиналето на ЕП 2024: Необјасниви моменти


Франкфурт – Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо на социјалните мрежи реагираше на прогресот на тимот во четвртфиналето на Евро 2024.  Португалците синоќа ја совлада Словенија на пенали 3:0 во осминафиналето. -Необјасниви моменти. Да дадеме сѐ од себе! Благодарам – напиша Роналдо. Во четвртфиналето на Евро 2024, репрезентацијата на Португалија ќе се сретне со селекцијата […]

ЕВРО2024: Португалија ја совлада Словенија на пенали за четвртфинале


Франкфурт– Португалија на драматичен начин обезбеди синоќа пласман во четвртфиналето на ЕВРО2024, совладувајќи ја Словенија на пенали со 3-0, откако натпреварот во Франкфурт во регуларниот дел и по двете продолженија заврши без голови. Херој на португалската репрезентација беше голманот Диого Кошта, кој ги одбрани сите три удари од белата точка на словенечките фудбалери. Претходно, во […]

ЕВРО2024: Спречен влез на 37 хулигани


Полицијата во германската покраина Баварија, која патролира на границите со Австрија и Чешка, спречи влез на 37 лица осомничени дека се агресивни фудбалски хулигани, соопшти денеска полицијата во Минхен. Дополнителните гранични контроли беа повторно воведени на 7 јуни по повод Европското фудбалско првенство. Други 186 лица беа уапсени на граничните премини, откако е утврдено дека […]

Франција со гол пред крајот ја совлада Белгија и се пласираше во четвртфиналето на ЕУРО2024


Во дербито на осминафиналето на Европското првенство, фудбалерите на Франција ја совладаа Белгија со резултат 1:0 и со тоа се пласираа во четвртфиналето од натпреварувањето на најдобрите селекции на Стариот континент. Натпреварот беше отворен со поголем посед на топка за Франција, која повеќе сакаше да стигне до голот отколку Белгија. „Црвените ѓаволи“ од старт сакаа […]

Американката Меклафлин – Леврон постави светски рекорд на 400 метри со пречки


Американската атлетичарка Синди Меклафлин-Леврон го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки на олимписките квалификации во Јуџин. Таа стигна до целта со време од 50,65 секунди и го подобри сопствениот рекорд за три стотинки. Претходниот светски рекорд (50,68), Меклафлин-Леврон го постави на Светското првенство во 2022 година. Ова е петти пат Меклафлин-Леврон да […]

Мбапе за играње со маска: Страшно е, не можам да видам што се случува на теренот


Килијан Мбапе го скрши носот во првото коло против Австрија со 1:0 и со заштитна маска на лицето го игра остатокот од еврото, а пред денешниот меч со Белгија отворено проговори за своето искуство. Како што истакна, маската му создава огромни проблеми во текот на играта. Како што рече, досега пет пати ја менувал маската […]

Почнува Вимблдон: Синер прв фаворит, пред Ѓоковиќ и Алкараз


Почетокот на месец јули го носи и стартот на еден од најпознатите светски турнири, Вимблдон. Новак Ѓоковиќ за разлика од минатите години сега не го започнува турнирот како главен фаворит. Букмејкерите го рангираат српскиот ас на третото место, а причина за тоа е неговата променлива форма. Се уште Ѓоковиќ нема трофеј во 2024 година, додека дополнително […]

Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места


Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига. На турнирот што од 27 до 30 јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.   – За […]

ЕП 2024: Шпанија убедлива против Грузија, следна пречка Германија


Келн – Шпанија ја победи Грузија со 4:1 во Келн и си закажа натпревар со Германија во четвртфиналето на ЕП 2024. Грузијците изненадувачки поведоа по автоголот на Робин Ле Норманд во 18. минута, но тоа само ги налути Шпанците, кои израмнија пред паузата преку Родриго Ернандез, а во вториот дел додадоа три гола преку Фабијан […]

Магичниот гол на Белингем ја спаси Англија од шокантна елиминација на ЕП


Гелзенкирхен – Англија го одржа својот сон жив бидејќи по неверојатни напори и многу среќа успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 против Словачка во осминафиналето на ЕП 2024.  Како и на претходните натпревари на германско тло, тимот на Герет Саутгејт никако не ги оправда големите амбиции со своите настапи на теренот. Англичаните […]

Ѓоковиќ се бори да го спаси наследството од златната генерација на Вимблдон


Новак Ѓоковиќ е подготвен да води битка за еден човек за да го зачува наследството на златната генерација на Вимблдон наспроти се поуспешниот нов бран предводен од Карлос Алкараз и Јаник Синер. Сепак, шансите ќе бидат наредени против седумкратниот шампион и носителот на 24 Грен слем титули кога турнирот ќе започне во понеделник. Пристигнувајќи во […]

Четворица фудбалери и официјално ја напуштија Барселона


Барселона – Барселона на последниот ден од јуни се прости од четворица фудбалери кои од утре веќе не се на платниот список на клубот. На Маркос Алонсо му истече договорот, Серхио Дест беше префрлен во ПСВ Ајндховен бесплатно, додека на Жоао Кансело и Жоао Феликс им истече позајмицата. Каталонците се уште имаат финансиски проблеми и за […]

Спалети ќе продолжи да ја води Италија и покрај лошиот настап на ЕП 2024


Рим– Селекторот на Италија, Лучано Спалети ќе продолжи да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026. Ова го изјави првиот човек на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина на прес-конференција. „Азурите“ синоќа загубија од Швајцарија со 0:2 во осминафиналето на Европското првенство во Германија и не успеаја да ја одбранат шампионската титула. -Не можам да […]

Германија се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024


Дортмунд – Германија стана втората селекција која се пласираше во четвртфиналето на ЕП 2024. Домаќините ја победија Данска со 2:0 во осминафиналето меѓу двете селекции по прилично бурната ноќ во Дортмунд. Таа беше таква, буквално и фигуративно. Буквално, затоа што на средината на првото полувреме, големо невреме го преврте стадионот, поради што натпреварот беше прекинат близу […]

Верстапен на пол-позиција за прв пат од Имола


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се врати на пол-позицијата по три трки откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Австрија, 11-та трка во сезоната во Формула 1. Трикратниот светски шампион порано во текот на денот славеше во спринтот на „Ред Бул Ринг“, а нешто повеќе од три часа подоцна ја освои својата […]

Донарума за Швајцарија: Агресивни се, мораме да правиме што помалку грешки


Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума зборува за тоа што очекува од осминфиналниот натпревар на Европското првенство со селекцијата на Швајцарија. -Швајцарија е физички силна репрезентација, тоа се чувствува на теренот. Мора да бидете спремни да се прилагодите додека играта напредува. Одењето во напад со додавање или долга топка напред може да биде различно. Тие дејствуваат […]

Алкараз: Дојдов да го освојам Вимблдон


Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со најголеми амбиции го пречекува Вимблдон. Алкараз минатата сезона ја освои титулата во Лондон, а истата цел ја има и годинава. „Тука сум да го добијам истиот резултат како минатата година“, рече Алкараз, додавајќи: „Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон, малку поспецијално како бранител на титулата, но се трудам […]

Српските спортисти ќе добијат огромна сума пари за медалите освоени на ЛОИ во Париз


Спортистите од соседна Србија добија голем дополнителен мотив да дадат се од себе на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Париз (26 јули-11 август), откако Владата на оваа држава усвои регулатива за парични награди за спортистите кои ќе ја претставуваат земјата во француската престолнина. Освојување на златниот медал на српските спортисти ќе им донесе премија […]