Американците по 20 години го вратија олимпиското злато во драматична трка на 100 метри

Трката на 100 метри е еден од најатрактивните настани на Олимписките игри, а вечерашната трка ја заслужи титулата на најизедначена во историјата. Како победник ќе остане запаметен Ноа Лајлс, кој забележа време од 9,79 секунди.
Колку беше нереална трката на 100 метри во Париз, говори и податокот дека осум спортисти ја завршија за временска разлика од само 12 стотинки!
Лајлс ја мина целта само 0,005 илјадитинки пред Кишан Томпсон, кој во еден момент се чинеше дека е најбрз на патеката, но сепак, во фотофинишот Американецот ја доби најголемата чест пред Јамајканецот, кој мораше да се задоволи со сребро.
COULD IT HAVE BEEN ANY CLOSER? 🤯#paris2024 pic.twitter.com/tQnMhYNquP
— Eurosport (@eurosport) August 4, 2024
Покрај златото, Америка ја освои и бронзата, за што се погрижи Крид Керли, кој трката ја заврши со време од 9,81.
Бранителот на златниот медал од Токио, Италијанецот Ламонт Марсел Џејкобс, истрча 100 метри шест стотинки побавно од пред три години.
Инаку, ова беше прва трка во историјата на која сите осум спринтери трчаа под десет секунди во финалето.
Ова е прв златен медал за САД на главниот настан на Олимписките игри од 2004 година и победата на Џастин Гетлин.