Астма, алергии, дислексија, депресија – што му пречи на олимпискиот шампион?


Американскиот атлетичар Ноа Лајлс откри со какви проблеми се соочил, а кои не го задржале по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз.

Пред 85.000 гледачи во Париз, Лајлс славеше во возбудлива трка на 100 метри.

Американецот заврши пред Јамајканецот Кишан Томпсон за пет илјадити делови од секундата.

По победата тој објави статус за кој се зборуваше на социјалните мрежи.

“Имам астма, алергии, дислексија, нарушување на недостаток на внимание, анксиозност и депресија. Но, дозволете ми да ви кажам, тоа не дефинира што можете да постигнете. Зошто да не и вие”, гласи пораката на Лајлс до неговите следбеници на социјалните мрежи.