Канаѓаните најбрзи во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри во Париз


Канадските спринтери во атлетика освоија златен медал во штафетата 4х100 метри на Олимписките игри 2024. Тие победија со резултат е 37,50 секунди. Тркачите од репрезентацијата на Јужна Африка завршија на второто место (37,57 секунди). На третото место се најдоа Британците (37,61). Тимот на САД кој важеше за прв фаворит направи грешка при минувањето на палката […]

Женскиот тим на САД го освои олимпиското злато во штафета 4х100 метри


 Женскиот тим на САД победи во штафетата 4х100 метри на турнирот во атлетика на Олимпијадата во Париз. Американскиот квартет (Мелиса Џеферсон, Тваниша Тери, Габриел Томас, Шакари Ричардсон) го помина растојанието за 41,78 секунди. Девојките на својата репрезентација го донесоа 31-от златен медал на Игрите 2024. Велика Британија завршија на второто место со резултат 41,85 секунди.  […]

Бугарскиот кревач на тегови Насар постави светски рекорд на Олимпијадата


Париз – Бугаринот Карлос Насар го освои златото во кревање тегови во категоријата до 89 килограми на Игрите во Париз. Неговиот вкупен резултат по беше 404 килограми. 20-годишниот спортист постави нов светски рекорд. Сребрениот медал го освои Колумбиецот Јеисон Лопез со 390 килограми.  Бронза е за Антонино Пицолато од Италија со вкупно подигнати 384 кг. 

Бах: Олимписките игри во Париз се љубовна приказна


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека Олимписките игри во Париз можат да се наречат љубовна приказна. – Мислам дека Олимписките игри во Париз во 2024 година се љубовна приказна. Спортистите, Французите и навивачите ширум светот се заљубени во овие Игри, изјави Бах. Летните олимписки игри во француската престолнина ќе траат до […]

Србија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо


Париз, – Репрезентацијата на Србија е прв финалист во ватерполо на Олимписките игри во Париз. Србите кои со голема мака ја поминаа групната фаза, успеаја да дојдат на чекор од златото, откако попладнево ја совладаа селекцијата на САД со 10:6. Првата и третата четвртина завршија 2:2, втората со 4:2, а последната со 2:0 за српските ватерполисти. […]

Начевски и Николов ќе судат полуфинале на Олимписките игри


Македонците ќе ја делат правдата на мечот меѓу Германија и Шпанија кој се игра денеска од 16:30 часот. За нив ова ќе биде петти натпревар на игрите. Интересно, Николов и Начевски на овие Олимписки игри веќе судеа дуел меѓу Германија и Шпанија, тој беше во групната фаза. Германците победија со 33-31. Начевски и Николов претходно […]

Рељиќ: Задоволна сум од својот настап на ЛОИ, верувам во поголеми успеси


Сѐ уште сме под импресии од настапот на македонската таеквондистка Милјана Рељиќ која имаше одлични борби, за жал за „влакно“ не успеа да стигне до полуфиналето. „Задоволна сум својот настап на Олимписките игри во Париз. На стартот за притивник ја имав двојна олимписка, светска и европска шампионка. Во таа борба влегов храбро и сконцентрирано, немав […]

Лајлс освои бронза на 200 метри, па соопшти дека има ковид. Тебого го зеде златото


  На силно мускулестото торзо на Ноа Лајлс има тетоважа напишана со големи букви: ИКОНА. Решил да го добие пред шест години како чин на манифестација. Но, сонот на Американецот да освои четири злата на овие Олимписки игри нагло заврши поради ковид – и едно дете од Боцвана кого го нарекуваат ученик. Гласините за болеста […]

Србите водеа речиси цел натпревар, но загубија од САД во кошаркарското полуфинале на ОИ


Кошаркарите на Соединетите Американски Држави во луд натпревар ја победија Србија со 95:91 и се пласираа во финалето на Олимписките игри. Србите водеа речиси цел натпревар, од четвртина во четвртина ја зголемуваа предноста, но на крајот САД одиграа фантастични последни 10 минути и стигнаа до победа вредна за финалето, каде ќе играат против Франција. Србија […]

Американката Меклафлин-Левроне го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки


Американската атлетичарка Сиднеј Меклафлин-Левроне го освои златниот медал на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Париз, истрчувајќи го новиот светски рекорд од 50,37 секунди. Бранителката на златен олимписки медал од Токио за 28 стотинки го подобри својот светски рекорд што го постигна во јуни оваа година во Јуџин. Тоа беше трка која се очекуваше […]

Франција го совлада светскиот шампион Германија и закажа олимписко финале во кошарка


Кошаркарската репрезентација на Франција стигна до своето второ по ред олимписко финале. По освојувањето на сребрените медали во Токио 2020 година, селекцијата на Винсент Коле сега ќе се обиде повторно да триумфира со злато на домашните Игри во Париз. „Петлите“ ги елиминираа светските шампиони од Германија победувајќи со 73:69 (18:25, 15:8, 23:17, 17:19) во „Акор […]

Теквондистката Рељиќ елиминирана во четвртфиналето на ОИ


Париз – Македонската олимпијка Милјана Рељиќ загуби во четвртфиналната борба на теквондо турнирот на Олимписките игри во Париз од Либанката Летисија Ајун со 2-0 во рунди. Рељиќ загуби во две неизвесни рудни со 9-8 во првата, а во втората беше 6-6, но бидејќи Либанката имаше удар во главата ја доби оваа борба. Шансите за медал се […]

Милјана Рељиќ ја победи двојната олимписка шампионка на ЛОИ


Таеквондистката Милјана Рељиќ на својот прв настап на Летните олимписки игри во неверојатен меч ја победи искустната Џејд Џонс од Велика Британија која е двојна олимписка шампионка. Македонската таеквондиска се натпреварува во категоријата до 57 килограми. Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со […]

Борачот Владимир Егоров изгуби од Индиецот Аман Серават


Индиецот Аман Серават се пласираше во четвртфиналето на 57 килограми борење во слободен стил, победувајќи го македонскиот борач Владимир Егоров во осминафиналето. Индиецот Аман Серават го победи Македонецот Владимир Егоров и се пласираше во четвртфиналната рунда во борење до 57 килограми во слободен стил. Тој го доби мечот со 10-0 врз основа на техничка супериорност […]

Наградниот фонд на УС Опен се зголеми на рекордни 75 милиони долари


Њујорк – Вкупниот награден фонд на УС Опен во Њујорк се зголеми на рекордни 75 милиони долари, соопштија организаторите на последниот тениски Грен слем турнир во сезоната. Наградниот фонд е зголемен за 15 отсто во однос на минатогодишниот турнир. Шампионите во поединечна конкуренција ќе заработат по 3,6 милиони долари, односно 20 отсто повеќе од лани. […]

Ѓоковиќ ја донира во добротворни цели наградата од српската влада за олимпиското злато


Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е првиот златен медал во кариерата на 37-годишната српска тениска легенда. Владата на Република Србија великодушно ги наградува своите олимпијци кои освојуваат медали. Така, Ѓоковиќ од неа ќе добие […]

Скандал кој ретко се гледа – Русинка ја затрула противничката, оди во затвор! (видео)


Руската шахистка Амина Абакарова доживотно е суспендиранаа бидејќи наводно ја затрула својата противничка на турнир. Четириесетгодишната Абакарова е обвинета дека на почетокот на август ја затрула својата десет години помлада ривалка Умајгнат Османова за време на првенството во Дагестан. Руските медиуми пренесуваат дека на Абакарова освен доживотна суспензија од локалната шаховска федерација ѝ се заканува […]

Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас


Париз – Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена. – Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“. На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по […]

Надал нема да игра на УС Опен


Мадрид – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одлучи да го прескокне УС Опен 2024. – Решив да не учествувам на УС Опен оваа година, иако имам неверојатни спомени од овој Грен слем. Ќе ги пропуштам овие жестоки и специјални вечерни натпревари на терените на „Артур Еш“. Мислам дека нема да можам да го покажам најдоброто од себе, […]

Егоров и Релиќ денеска настапуваат на Олимписките игри во Париз


На Олимписките игри во Париз денес ќе настапат двајца македонски натпреварувачи. Во борење слободен стил категорија до 57 килограми ќе се појави Владимир Егоров. Тој ќе има борба со Аман Шерават од Индија. Почетокот на борбата е околу 11:30 часот Во таеквондо, категорија до 57 кг, нашата Милјана Релиќ ќе се соочи со олимписката шампионка […]