Милјана Рељиќ ја победи двојната олимписка шампионка на ЛОИ


Таеквондистката Милјана Рељиќ на својот прв настап на Летните олимписки игри во неверојатен меч ја победи искустната Џејд Џонс од Велика Британија која е двојна олимписка шампионка.

Македонската таеквондиска се натпреварува во категоријата до 57 килограми.

Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со удар во глава, дојде до 2-3, а потоа и до 2-4, на крајот рундата ја доби со 7-6.

Борбата се разгоре во втората рунда, овој пат притисокот беше на страна на Џонс, која се измачи и беше подобра од Македонката со 5-4.

Во решавачката трета рунда заврши со 1-1.

Македонката се пласира во четвртфиналето категорија до 57 килограми, каде денеска во 15.45 часот ќе се сретне со Либанката Летиција Аоун.