Американката Меклафлин-Левроне го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки


Американската атлетичарка Сиднеј Меклафлин-Левроне го освои златниот медал на 400 метри со пречки на Олимпијадата во Париз, истрчувајќи го новиот светски рекорд од 50,37 секунди. Бранителката на златен олимписки медал од Токио за 28 стотинки го подобри својот светски рекорд што го постигна во јуни оваа година во Јуџин.

Тоа беше трка која се очекуваше со посебно внимание во Париз. Судир меѓу олимписката победничка од Токио и светската рекордерка од една страна и Фемка Бол од Холандија, актуелна светска шампионка од Будимпешта во 2023 година. На крајот во трката доминираше 25-годишната Американка, која славеше со нов светски рекорд. Тоа е нејзино трето олимписко злато по славењето во Токио и Париз на 400 метри со пречки и победата во штафетата 4х400 во Токио.

Среброто го освои Американката Ана Кокрел со 51,87, додека Бол беше трета со резултат од 52,15 секунди, освојувајќи нова бронза откако беше трета во оваа дисциплина во Токио.