Наградниот фонд на УС Опен се зголеми на рекордни 75 милиони долари
Њујорк – Вкупниот награден фонд на УС Опен во Њујорк се зголеми на рекордни 75 милиони долари, соопштија организаторите на последниот тениски Грен слем турнир во сезоната. Наградниот фонд е зголемен за 15 отсто во однос на минатогодишниот турнир.
Шампионите во поединечна конкуренција ќе заработат по 3,6 милиони долари, односно 20 отсто повеќе од лани. Поразените во финалето во сингл ќе добијат по 1,8 милиони долари.
Тенисерите кои ќе загубат во првото коло на УС Опен ќе добијат по 100.000 долари, што е зголемување од 23 проценти. УС Опен ќе се одржи во Њујорк од 26 август до 8 септември.
Надал веќе најави дека нема да настапи на УС Опен во Њујорк.