Јокиќ подобар од Леброн Џејмс: Почна новата сезона во НБА-лигата


 Со два одиграни натпревара ноќта вторник кон среда отворена е сезоната 2023/24 во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Почетокот на првенство го одбележа Никола Јокиќ со трипл-дабл во победата на Нагетс над Лос Анџелес лејкерс. Србинот мечот го заврши со 29 поени, 13 скока и 11 асистенции.

Во поразениот тим се истакна Леброн Џејмс со 21 поен, 8 скока и 5 асистенции.

Резултати:
Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс 119:107
Голден Стејт вориорс – Феникс санс 104:108.