Хорор во Холандија: Фудбалер колабираше пред крајот на натпреварот


Морничави сцени доаѓаат од Холандија. Бас Дост, напаѓачот на НЕЦ Најмеген колабираше на теренот кон крајот на натпреварот против АЗ Алкмар. Натпреварот беше прекинат, и во тој момент НЕЦ Најмеген имаше активен резултат 2:1 во нивна корист.

Дост погоди за водство во 11. минута, а потоа асистираше во 31. минута за 2:0 на гостите, пред да колабира на средината на теренот во 90. минута. Соиграчите веднаш не забележаа дека 34-годишниот напаѓач е на земја и продолжија со нападот, а неколку секунди подоцна играчите почнаа да мавтаат со рацете и го опколија несреќниот Дост.

Холандскиот центарфор беше изнесен од теренот на носилки, а првите информации од водечките локални медиуми говорат дека е свесен. Тој дури и кренал палец кога го напуштил тревникот.

Недолго потоа, АЗ преку социјалните мрежи објави дека натпреварот е прекинат до понатамошно известување, а одлуката дали ќе игра продолженија останува на Холандската федерација.

Доколку резултатот остане 1:2, поразениот АЗ ќе заостанува пет бода зад лидерот ПСВ, кој претходно го демолираше Ајакс со 5:2 и остана во перфектен учинок со 30 поени по 10 одиграни натпревари.

Инаку, Бас Дост во својата богата кариера настапуваше за седум клуба пред да дојде во НЕЦ, а многумина најдобро го паметат по одличните настапи во Волфсбург. Во сезоната 2014/2015 „волците“ завршија како второпласирана екипа во Бундеслигата, а Дост беше трет стрелец во првенството со 16 голови.