Возачите на Ферари ги изненадија сите и се појавија во сино наместо црвено


Италијанскиот конструктор Ферари најави дека на шестата трка сезонава, која ќе се одржи викендов во Мајами, ќе претстави посебен визуелен идентитет на болидот за да ја прослави 70-годишнината од неговото присуство во Северна Америка.

Имено, Ферари ќе вози со посебни сини детали на црвен болид и со тоа ќе отстапи од својата традиција, а возачите Карлос Саинц и Шарл Леклер веќе денеска се појавија во сини униформи.

Оние кои се уште не беа запознаени со веста беа многу изненадени, а делот од предните и задните крила, капакот на моторот, заштитата од хало, страничните делови на автомобилот и бандажите на тркалата ќе бидат обоени во сина боја.
Инаку, ова не е прв пат Ферари да има сино на својот болид во својата историја, бидејќи тоа го направија на две трки во 1964 година, кога белата и сината боја ја заменија црвената боја на две трки.

„Тимот се сети на својата историја на претстојното Гран При на Мајами. Во Флорида, ќе го прославиме нашето наследство преку уникатниот визуелен идентитет на нашиот болид. Тој повторно има две бои кои се дел од нашата историја. Исто така, ќе биде многу важна трка додека ќе го пречекаме нашиот нов спонзор – HP“, изјави шефот на Ферари, Фред Васер.
За потсетување, викендов во Мајами ќе се одржи втората сезонска трка во спринт формат, а по тренинзите и квалификациите, следната трка е закажана за в недела во 22 часот.