Анчелоти: Не ми се допадна што ѝ дозволивме на Брага да постигне гол


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати забелешки кон своите фудбалери и покрај победата над Брага (2:1) синоќа во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Родриго постепено почнува да постигнува голови и тоа е многу важно за нас. Генерално мислам дека одигравме многу добар натпревар. Не ми се допадна што примивме гол, бидејќи претходно добро ја контролиравме ситуацијата и победата беше речиси во наши раце. По примениот гол се смени динамиката на играта. Добро го контролиравме слободниот простор меѓу редовите, а потоа при резултат 2:1 работите почнаа да се влошуваат, изјави Анчелоти за сајтот на УЕФА.

Реал Мадрид има максимални 9 бода и е прв во групата Ц. Наполи е втор со 6, Брага е трета со 3, Унион Берлин е последен без бодови.