„Зона 30“ пред училиштето „Димитар Влахов“ во Скопје


Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е во редот на врвните приоритети наГрадот Скопје, а донација од АМСМ за обележување на „Зона 30“ со поставување сообраќајни знаци, катадиоптери и сл., пред средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ ќе влијае за побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот Трета македонска бригада. Обележувањето на „Зона 30“ пред […]

Шилегов во Тирана: Наскоро да бидеме европски градови


Делегација од Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов вчера оствари билатерална средба со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај. Двајцата градоначалници разговараа за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, теми кои беа во фокусот на вчерашниот четврти „17+1“ Форум на градоначалници на главни градови од Централна и Источна Европа […]

Н. Прв „ShortBus Design shop” во Скопје


На првиот организиран настан „ShortBus Design shop” кој го организира супкултурниот центар „ShortBus” учествуваат 11 дизајнери од различни сфери. Настанот е покриен со различни дизајни односно: моден дизајн, дизајн на маици, накит, перници, чаши, торби, графики, колажи. Идејата на настанот е да се соберат различни дизајнери како и различна публика. Супкултурниот центар „ShortBus” отвора место […]

Поставен камен темелник за спортска сала во ОУ „Конгреси и Манастирит“ во Чаир


 Во  Основното училиште „Конгреси и Манастирит“ во Општина Чаир денеска беше поставен камен темелник. Спортската сала ќе се простира на површина од 650 метри квадратни и ќе чини 24 милиони денари. Министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека спортската сала според планираното треба да биде завршена за девет месеци, надевајќи се дека од […]

Викендов меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ќе го сопре сообраќајот во Скопје


Во периодот од 7 до 17 часот, овој викенд во организација на Автомобилистичка федерација, ќе се одржи меѓународен кружен натпревар во автомобилизам ФИА – ЦЕЗ Награда на град Скопје „Скопје-2019“. Натпреварот ќе се одвива на потегот од крстосницата помеѓу бул.„Крсте Петков Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, право до крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Беласица“, до надвозникот […]

Град Скопје: Уништувањето на контејнерите е казниво по закон


Во текот на вчерашниот ден, на еден од новите контејнери е залепен лист со содржина во која се повикуваат граѓаните да ги оштетуваат контејнерите, односно рачките за да се овозможи непречен пристап на мачките до отпадоците. -Уништувањето на контејнерите е казниво по закон. Град Скопје потсетува дека новиот концепт за третман на комуналниот отпад и […]

Спалувачите на кабли избегале, инспекторите спречиле поголем пожар


Екипи на Инспекторатот на Град Скопје при редовна контрола на реонот на „Вардариште“ вчера затекнаа група лица кои на отворено спалуваа разновиден отпад и кабли. Од Градот информираат дека по обидот за легитимирање, затекнатите лица се дале во бегство. На локацијата била повикана полиција, а запаленото сметиште веднаш било изгаснато. – Инспекторите на Град Скопје […]

РКЕ ги задолжи БЕГ дистрибуција и ПУИГ да се произнесат по барањето за лиценца на ГЕС


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги задолжи Балкан енерџи груп (БЕГ) дистрибуција и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ПУИГ) да се произнесат за постапката за издавање лиценца на Градски енергетски системи (ГЕС) за дистрибуција на топлинска енергија во Град Скопје. Задолжението, како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната […]

Цената на водата во Скопје останува непроменета


Потрошувачите во Град Скопје и понатаму ќе плаќаат иста крајна цена за потрошената вода иако ќе имаат различни ставки за трите водни услуги што се пресметуваат во сметките за потрошена вода. -Во текот на минатата недела Регулаторната комисија за енергетика ја одобри регулаторната тарифа за цената за вода во Град Скопје со која цената на […]

Од денеска пријавување за „Скопје на точак“, караванот на 3 ноември


Од денеска сите заинтересирани може да се пријават за учество за велосипедскиот караван „Скопје на точак“. Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 1960-те години. Според некои податоци секој втор граѓанин имал точак. Овој факт покажува дека вело културата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација […]

Зоолошката градина се приклучува во хуманитарна акција за малата Симона


Зоолошката градина во Скопје се приклучува кон хуманитарната акција за собирање финански средства наменети за лекување на четиригодишната Симона од Штип која боледува од леукемија. По тој повод, во недела ќе бидат организирани низа настани за донации во Скопје ЗОО. – Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да […]

Стерилизацијата на кучињата во застој


Глутници кучиња, голем број без обетка на увото, големи, мали, агресивни и мирни е сликата по скопските улици во последните месеци.Негрижата за уличните кучиња влева и страв кај граѓаните, но дава и лоша слика за градот. Не дека некогаш проблемот не постоел или бил под контрола (редовни се вестите во полицискиот билтен за граѓани гризнати […]

Богоев: Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја во Карпош


Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја, а континуирано се работи на обнова на блоковското зеленило и на подигнување повеќе тревни површини, во различни населби на Општина Карпош, објави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. – Направивме нов парк – сквер во Тафталиџе 2. Добивме нова фитнес зона на Кејот на реката Вардар. Зона […]

Бездомните кучиња „декор“ на скопските улици, граѓаните загрижени, кучињата небезбедни


Последниве години низ скопските улици може да забележиме дека бројот на бездомните кучиња станува сè поголем. Граѓаните се загрижени за оваа состојба, а животните остануваат небезбедни на улиците. Стационарот „Вардариште“ моментно е празен, а јавното приватно претпријатие што би требало да ги преземе надлежностите на „Вардариште“ уште е во најава. Градоначалникот на Град Скопје, Петре […]

Некој го оштетил скопскиот Аквадукт


Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Следната година нови десет паркови во Општина Центар


Општина Центар во соработка со Град Скопје до март наредната година ќе проектира и реализира 10 зелени површини – паркови, со вкупна површина од 35.000 квадратни метри. Оваа одлука вчера на 35-та седница ја донесе Советот на Општина Центар. Во рамки на еколошките заложби, Општина Центар од компанијата Горење прифати донација за поставување паркинзи за […]

„Рециклирате ли!?“: Амбасадори во еко-акција за почист кеј покрај Вардар


Во најновата еко-акција, што се спроведе денеска во рамки на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, од патеките и бреговите на двете страни на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба, беше собран целиот сув отпад кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран. За вадењето на отпадот од реката, пак, се погрижија нуркачите од […]

Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани за Нова година


Регионалната поп-ѕвезда, Босанецот Дино Мерлин со неговата група ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ. Ова денеска го обзнанија скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и лично Дино Мерлин. Шилегов најави дека и оваа година на плоштад „Македонија“ ќе биде поставена новогодишната населба Винтерленд која ќе го збогати празничниот амбиент во градот во пресрет на Новогодишните и […]

Се отстранува времениот објект на покривот на ГТЦ


Времениот објект на покривот на Градскиот трговски центар денеска почна да се отстранува согласно со одлуката на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Со активностите ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, како и демонтажа на покривот и на челичната конструкција над подот, соопштија од Град Скопје. -По реакциите на граѓаните, првo […]

Место депонија, спортско-адреналински парк во Карпош


Во Општина Карпош денеска почна изградбата на спортско – адреналинскиот парк долж кејот на реката Вардар, со почетна точка кај алпинистичката карпа. Станува збор за нова, уредена зелена површина, спортско – рекреативна зона што ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри. Општина Карпош за овој парк преку Секторот за развој аплицираше во рамки […]