Пожарот над Марков манастир се гасеше со авиони

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување денеска авионски исфрлија 35.000 литри вода за да помогнат во гаснењето на пожарот во село Осинчани над Марков Манастир.

Пожарот зафати нискостеблеста шума, а водата беше исфрлена во 14 налети, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, денес 21.03.2020 г, со поддршка од воздух со исфрлени 35.000 литри вода во 14 налети, помогнаа во гаснењето на пожарот во село Осинчани над Марков манастир.

Posted by Дирекција за заштита и спасување on Сабота, 21 март 2020