Корона вирусот ги урна и страшните бараки на „Медицинар“


Како дел од активностите за борба против корона вирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“, соопшти вечерва Град Скопје.

„Независен весник“ уште лани пишуваше за состојбата во која беа студентските бараки, кои со години не се вселуваа, а во нив живееше семејство кое немаше покри над главата.

Бараките во „Медицинар“ населени од бездомници

Покрај тоа, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје деновиве асистираше и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби.