Шилегов: Возачот на запалениот автобус безбедно ги симнал патниците


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, преку Фејсбук-статус информира дека возачот на запалениот градски автобус безбедно ги симнал патниците и сам се обидел да го изгаси пожарот. „Двокатен автобус на ЈСП Скопје што сообраќал на линијата со број 5 утрово се запали на улицата „Ѓорче Петров“, во близина на општинската зграда. Меѓу патниците во автобусот нема […]

(Видео) Гори автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени


Градски автобус на ЈСП, со број 5, се запали во Општина Ѓорче Петров, а според фотографиите кои се споделуваат по социјалните мрежи се гледа дека гори горниот дел на автобусот. Од ЈСП Скопје информираат дека на лице место е внатрешна контрола и се утврдуваат причините за несреќата, најважно е што нема повредени патници. „Во автобусот […]

Завршен еден дел од обновата на улицата „Ѓорче Петров“


Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, сѐ до бензинската пумпа на Макпетрол. На реконструираниот дел изминатиов период беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов […]

Затворен за сообраќај булеварот кај Бит Пазар


Од денеска ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Крсте Петков-Мисирков“ односно делницата во правец на Бит пазар, од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до клучката Детелинка. Делницата ќе биде затворена од 08:30 часот денеска до 08:30 часот утре, а причината е асфалтирање на патот. Автобуските линии ќе бидат пренасочени кон Скопскиот саем и клучката Континентал […]

Ни еден градски автобус нема да вози кај Бит-пазар, се асфалтира булеварот


Градските автобуси кои сообраќаат по булеварот пред Бит-пазар, во четврток нема да поминуваат од странат на факултетите поради тоа што ќе се асфалтира булеварот. Како што соопштија од Јавното градско претпријатие „Скопје“ , во четврток од 8.30 часот, до петок до 8.30 часот, поради асфалтирање на бул. „Крсте Мисирков“, целосно за сообраќај ќе биде затворена […]

Награда на ЕК за промоција на пешачењето и возењето велосипеди


Европската комисија распиша конкурс за Осмата награда на Планот за одржлива урбана мобилност (СУМП), наменета за локалните власти ширум Европа, која годинава е насочена кон развој и промовирање на пешачењето и возењето велосипеди. Според Еврокомисијата, цел на наградата е да се поттикнат локалните власти да го усвојат Планот за одржлива урбана мобилност (СУМП) и да бидат […]

Новото училиште во Капиштец се вика „Киро Глигоров“


На предлог на Министерството за образование и наука, Владата, на вчерашната седница усвои информација и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар. Првите генерации ученици новото училиште ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година. Инаку, ова е прво училиште што се изгради во Центар, […]

Проширена секундарната продажна мрежа на ЈСП „Скопје“


ЈСП „Скопје“ денеска информира дека ја прошири секундарната продажна мрежа со над 20 локации (маркети, трафики и слично), што се наоѓаат на фреквентни места низ скопските општини. Таму корисниците на јавниот превоз можат да купат или да ја надополнат електронската картичка „Скопска“. Граѓаните попрецизно можат да ги погледнат локациите на Фејсбук страницата на ЈСП „Скопје“. – Сега […]

Искастрени дрвја во скопски ресторан, сопственикот плати казна


Казна од 2.000 евра доби сопственикот на ресторан на улица „Народен Фронт“ во Скопје кој за време на викендот ги исече сите гранки на шест здрави дрвја. Ресторанот добил дозвола од Градот Скопје за поткастрување на гранките, но по извршениот увид на инспекторите е утврдено оштетување. „Градот Скопје издава решенија или за сечење или за […]

Реконструкција на покривот и на подот на салата во ООУ „Владо Тасевски“ во Козле


Почнати се активности за реконструкцијата на покривот на училиштето „Владо Тасевски“, во населбата Козле во општина Карпош. Во оваа образовна установа целосно ќе се промени и подот во спортската сала, изјави денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. Локалната самоуправа во текот на летниот распуст санираше дел од покривот на „Јан Амос Коменски“, како и […]

Град Скопје го отстранува Сонцето од Вергина, согласно Преспанскиот договор


Скопскиот градоначалник Петре Шилегoв денеска соопшти дека Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите општини и нема увид во отстранување на Сонцето од Вергина. – Град Скопје не е орган кој врши надзор врз работата на останатите единици на локална самоуправа. Не можеме да изразиме задоволство или незадоволство затоа што […]

Шилегов: Сезонава без палење стрништа, ќе се казнува


Град Скопје воведува програма за бесплатно собирање на остатоците од бербата и засилени инспекциски контроли за несовесните земјоделци Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која започнува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот и зачувување на плодноста на почвата. -До сега, стрништата, плевелите и […]

Лисиче денеска без вода


Поради дефект во шахта на улиците „Мите Богоевски“ и „Водоча“, денеска без вода ќе бидат корисниците во скопската населба Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до отстранувањето на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Жителите на Трнодол ја бранат населбата од ДУП


Жителите на населбите Трнодол и Жданец изготвија протесна претставка што вчера ја доставија до градоначалникот и до советниците на Општина Карпош, со која се противат на начинот на кој погрешно во јавноста се интерпретира предлог-деталниот урбанистички план за оваа локација, кој целосно го отфрлаат. – Веруваме дека ќе се најде прифатливо решение и ќе се […]

Казнети туристички агенции кои немаат туристички придружник за организираното патување


Од градската управа информираат дека изминатиов викенд при вонреден инспекциски надзор во вечерните часови на неколку локации во Скопје од кои поаѓаат туристичките автобуси за меѓународни патувања, извршено е инспекторирање со овластените инспектори за туризам и угостителство од Инспекторат на Град Скопје, при што се констатирани неправилности кај организаторите на туристичките патувања-туристичките агенции кои најчесто […]

Повеќе проекти од пари во Скопскиот плански регион за 2019


Министерството за локална самоуправа денеска со градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион потпиша договори за поддршка, покривање на оперативните трошоци, тековните активности за годинава и за финансирање проекти со кои единиците на локални самоуправи ќе можат да аплицираат следната година до ресорното Министерство. – Скопскиот плански регион нема извори на финансирање, како и сите […]

Граѓаните покажуваат голем интерес за анкетите за новите именувања на улиците, булеварите и парковите во Скопје


Граѓаните покажаа голем интерес за анкетата на Град Скопје за прибирање предлози за нови имиња на топоними  (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти) во главниот град. Анкетата ја објави Град Скопје на 27 јули годинава, а беше отворена до вчера, 18 август. Од Град Скопје за МИА информираат дека над 1.800 лица го […]

Чистење на дивите депонии во Општина Аеродром


Општина Аеродром во соработка со ЈП „Комунална хигиена“ деновиве спроведува акција за чистење на дивите депонии на повеќе локации низ општината. – Целосно се исчистени депониите во непосредна близина на амбулантата во населба Лисиче, како и на просторот меѓу Лисиче и Реонски центар – Аеродром. Службите денеска работат на расчистување на дивата депонија во местото […]

Заврши реконструкцијата на мостот „Гоце Делчев“


Екипи на Град Скопје, во неделата, ги завршија градежните активности за „Реконструкција на дилетации на мост `Гоце Делчев` во двата правци“ и од денеска сообраќајот на мостот се одвива непречено. Комплексните градежни зафати за реконструкцијата на мостот завршија во предвидениот рок од 40 дена од нивниот почеток во јули. За време на градежните активности на […]

Екстремните жештини ќе траат сè подолго во Скопје


Скопје летово беше во портокалова фаза, а термометрите покажуваа и до 45 Целзиусови степени. Ефектите од глобалното затоплување веќе се реалност и се случуваат, а тоа во иднина само ќе се влошува. Летово цела Европа беше зафатена од топлотен бран со рекордно високи температури. Во Париз беа измерени рекордни 42,6 Целзиусови степени, а некои делови […]