Паѓа бројот на заболени во Чаир

Фото; Б. Грданоски

 

Неколку дена по ред има висок број оздравени пациенти од Ковид-19, а тоа се покажува и бројот на активни случаи во Чаир, скопската општина која имаше најмногу заболени од корона вирус.

Денеска во Чаир има 360 активни случаи, а деновите претходно бројот на активни случаи таму надминуваше и 400.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, активни случаи по општини Скопје денеска има во:
• Чаир – 360
• Аеродром – 166
• Бутел – 156
• Гази Баба – 210
• Центар – 156
• Карпош – 153
• Сарај – 140
• Кисела Вода – 114
• Ѓорче Петров – 111
• Студеничани – 121
• Шуто Оризари – 89
• Арачиново – 46
• Илинден – 34
• Петровец – 18
• Чучер Сандево – 18
• Сопиште – 7
• Зелениково- 13
• Странец – 5
• Нераспределен- 11.

Со напомена дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.