Шилегов покажа како ќе изгледа новиот мост во Карпош


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на фејсбук постираше видео со кое покажа како ќе изгледа новиот мост кој ќе ги поврзува Карпош и Злокуќани.

„Завршено е проектирањето на новиот мост во Скопје. Постапката за избор на изведувач, ја започнуваме до крајот на јули. Овој мост, ќе ги спојува Карпош 3 и 4 по ул. Љубљанска (покрај Сити мол) со Злокуќани и Бардовци на ул. Скупи.

Еве како изгледа новиот мост во Скопје !“, напиша Шилегов.