„Лајка“ ќе ги прими првите гости по изборите


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека новиот стационар за вдомување кучиња скитници е готов и ќе биде отворен по изборите. Со стационарот за кучињата скитници ќе раководи новото ЈП „Лајка“.

„Додека некои потпишуваат договори и се фалат со тоа, работата веќе е завршена. Отварање после избори!!! Скопје нема да застане ! Скопје, една поинаква приказна“, напиша Шилегов.

Стационарот „Лајка“ е подготвен да ги прими првите гости и да им пружи достојни услови за живот. Во споредба со „Вардариште“ новиот стационар за бездомните животни ќе има поголем внатрешен капацитет и наместо 80 метални боксови ќе има нови ѕидани 100 апартмани за кучиња со подно греење и со вентилација по стандардите пропишани во правилникот за прифатилишта од Агенцијата за храна и ветерина. Максимално е искористен и надворешниот дел од објектот каде има 60 нови боксови за поголеми раси на кучиња кои ќе имаат пристап до новиот парк.